6.9 C
Скопје
04:30 - 1 април, 2026

По Александра Пријовиќ, уште една српска пејачка закажа концерт во Арена во Загреб

Пејачката Марија Шерифовиќ закажа концерт во Арената во Загреб.

Откако Марија го објави албумот со шест нови песни, следуваше уште едно изненадување, концерт во Хрватска.

– Кукли мои, едвај го дочекав ова – напишала Марија под објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Нема сомнеж дека пејачката ќе постигне огромен успех бидејќи нејзините песни од новиот албум беа актуелни во Хрватска само неколку часа по објавувањето.

Инаку, Марија неодамна откри како гледа на тоа што Александра добива и лоши коментари за бројот на концерти во Хрватска.

– Мојот коментар за тоа би бил дека верувам дека секој треба да настапува во секоја земја без никаков проблем. Ако нашата работа не не спои, не знам кој ќе не спои. Имаме пример од мојата песна кој е прв тренд во Хрватска, првиот ден во првите неколку часа. Е сега, она со што нашите соседи имаат проблем е тоа што се работи за изведувачи на народна музика. Да му се случеше тоа на некој поп изведувач, веројатно немаше да биде проблем, но народните им прават проблем. Она што можам да го кажам е дека Александра тоа го заслужи со својата работа и народот сака да ја слуша, а вие не можете да се борите против народот. Затоа, ние или кој било може да „трубиме“, не можете да одите против човечката волја – изјави таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....