9.8 C
Скопје
23:05 - 19 октомври, 2026

Адел пиела и четири литри вино до ручек: „Не пијам три ипол месеци, бев граничен алкохоличар“

Една од најдобрите пејачки на денешницата Адел призна дека често посегнувала по алкохол, дека не пие три ипол месеци но и дека алкохолот ѝ недостига.

Славната Адел во текот на емисија во Вегас откри дека престанала да пие алкохол пред три месеци и тврди дека била „граничен алкохоличар“ особено во своите дваесетти години. Ѕвездата признава и дека ѝ недостига алкохолот.

„Престанав да пијам можеби пред три и пол месеци, а го исклучив и кофеинот“, рече Адел (35).

Зборувајќи со еден фан, кој се приклучил во емисијата и признал дека пие цел ден, таа му рекла: „Уживај во своето кисело виски. Многу сум љубоморна“.

Адел откри дека за време на заклучувањето во 2020 година, испила четири шишиња вино уште пред ручек.

Во февруари 2022 година, пијаната Адел беше фотографирана како липа во геј бар во Лондон, каде што се соблече до градник и танцуваше на „шипка“ пред топлес танчерките на бината, пред да падне. Сепак, и покрај плановите да остане присебна и трезна, таа планира денови полни со прослави по емисијата во Лас Вегас, по повод роденденот на нејзиниот син Енџел, кој денес на 19 октомври ќе наполни единаесет години.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....