18:09 - 9 април, 2026

(Видео) По 35 години, откриена вистината за песната „Кад замиришу јорговани“: Еве како Весна Змијанац заработи 500.000 евра од овој хит!

Дуетот на Дино Мерлин и Весна Змијанац беше и останува еден од најомилените и најслушаните, а многумина не знаат како всушност настанала песната.

Песната „Kad zamirišu jorgovani“ (Кога ќе замирисаат јоргованите) во осумдесеттите години беше на топ-листата на најголемите хитови во поранешна Југославија во 1980-тите. Беше објавена на албумот на Весна „Истина“, кој се продаде во рекордни 900.000 примероци, а пејачката, како што подоцна признала, од оваа песна земала огромен износ на пари.

Како што своевремено раскажала во емисијата „Амиџи шоу“, овој хит ѝ донел вртоглави половина милион евра.

„Од само од еден мегахит што трае со години можете да се заработи најмалку 500.000 евра! Тоа мора да биде сериозна песна, како на пример „Јорговани“, која се слуша повеќе од 35 години. Исто така и „Невера“, која ја снимив пред 45 години, а сè уште ја пеам на настапите. Замислете само колку пати за сите овие децении сум ја испеала за пари и колку сум заработила од неа. И во денешно време може да се погоди таков хит“, открила Змијанац.

Интересно е и како дошло до соработката меѓу Весна Змијанац и хрватскиот изведувач, а за тоа во една пригода зборувал и самиот Мерлин.

„Дуетот се случи по неуспешниот трет албум. Ми дојде идеја да снимам дует, но не знаев со кого. И додека разговарав со менаџерот во еден бар за тоа, еден колега ми рече: Весна Змијанац! Веднаш се спакувавме, се упативме кон Белград и влеговме во студиото каде што Весна го снимаше албумот. По првото слушање, Весна одлучи да го сними овој дует“, изјавил Дино Мерлин во едно интервју, а песната ја компонираше познатиот хитмејкер Корнелије Ковач.

Слични објави

Новата колекција на „Прагма“ е сè што ви треба за да заблескате

Еспресо

(Фото) Водителката Марија се огласи од Словенија со посебен повод за среќа

Еспресо

Клиника „Жан Митрев“, дел од панел-дискусијата за органодарителство

apostolova

Синот на Харис Џиновиќ започна сопствен бизнис: „Не сакаше да биде само син на познат пејач“

Еспресо

Буба Корели ја замени затворската казна со парична уплата од околу 12.000 евра

Еспресо

(Фото) Сексапил и естетика: Марјана Станојковска во уникатно издание

Еспресо
Се вчитува....