12:21 - 13 ноември, 2026

Борче Стаменов: Бев убеден дека ова мене нема да ми се случи и плачев од среќа!

Сите во Македонија го знаат човекот со златно срце, Борче Стаменов кој живее во Кавадарци. Борче кај неговите каварадчани е познат како човек со оригинален и специфичен хумор, а во цела Македонија стана познат како Борче- Донирај компјутер. Од 2016 година до сега, тој има донирано 3669 компјутери на деца и семејства кои не можат да си ги дозволат.

До идејата дошол сосема спонтано, од таму што е фирма за изработка на книговодствен софтвер во која работи, соработуваат со клиенти кои својата опрема ја менуваат преку набавки од фирмата. Компјутерите кои ги менуваат по отпишување ги оставале во фирамата.

Борче на 20 август стана татко на Каја, и убавата вест ја објави на својот Фесјбук профил. Другари, сабајлево ни се роди Каја“, напиша Стаменов и ја означи неговата сопруга Оле Плачкова.  Потоа, откако заврши со славењето тој додаде:

„Сега се свестувам. Океј не баш, уште сум со извичници. Другари, фала ви на сите за честитките да се враќа само со убавини. Ја денес си плачнав повеќе пати, од среќа. Мама Оле и Каја се океј, чичко Шлапатало ги чека да си дојдат дома и да бидеме семејство. Бев убеден дека ова мене немаше да ми се случи никогаш и тогаш дојде мама Оле и ме убеди во спротивното. Посреќен ден у животот не сум имал“, објави Борче.

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....