-1.2 C
Скопје
06:11 - 19 декември, 2024

Пет холивудски актерки кои се категорично против пластични операции: „Подобро голем, отколку лошо опериран нос“

Ова се ѕвездите кои сметаат дека процесот на стареење заслужува почит, зашто природното стареење ги одразува внатрешните квалитети: мудрост, искуство и свесност кои доаѓаат само со возраста. Тие преферираат лице со брчки но и со емоции, отколку скаменето и „пластично“.

За многу холивудски ѕвезди стандард за убавина е Одри Хепберн, која до својата длабока старост успеа да изгледа елегантно и отмено без хируршки интервенции. На актерката од „златното доба“ на Холивуд се обидуваат да ѝ парираат помодерните претставнички на американската кинематографија. Зборуваме за пет познати холивудски актерки кои се противат на пластичните операции. Навистина ретки случаи во „морето“ на познати ѕвезди кои за подобар и помлад изглед често се подложат на најразлични хируршки интервенции по цена и на сопственото здравје.

Џоди Фостер

60-годишната Џоди Фостер остро се противи на пластичните операции. Во едно неодамнешно интервју, актерката вели: „Подобро некој дами  каже: „Леле, оваа девојка има голем нос“ отколку „леле, оваа девојка има лошо опериран нос“. Актерката има неколку „тајни за убавина“ кои ѝ помагаат достоинствено да го прифати стареењето. Џоди практикува јога и пилатес и води активен животен стил. Ѕвездата претпочита посети на козметичар и правилно избрана нега на кожата отколку посети кај пластични хирурзи. Актерката се грижи за своето здравје и ужива во годините, не обидувајќи се вештачки да се подмладува.

Френсис Мекдорманд

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frances (@frances.mcdormand)

И оваа 65-годишна американска актерка активно и отворено се противи на пластичните операции. „Нешто се случи во културата, како да не треба да старееме по 45 години – во однос на облеката, козметиката, односот кон животот“, вели Мекдорманд. „Сите се облекуваат како тинејџери. Секој ја бојадисува косата. Сите се грижат за младешката кожа. Јас никогаш не сум направила пластична операција“, признава актерката. Мекдорманд верува дека процесот на стареење заслужува почит. Природното стареење ги одразува внатрешните квалитети: мудрост, искуство и свесност кои доаѓаат само со возраста. Во драмскиот филм „Номадленд“, кој освои неколку Оскари и Златни глобуси, Френсис глуми остарена жена која, поттикната од криза на возраста, се обидува да ја најде смислата на животот. Самата актерка и надвор од филмот се труди да биде што е можно пореална и никогаш не користи козметика надвор од сетот, не ја бојадисува и стилизира косата и избегнува да оди дури и на козметичар.

Мерил Стрип

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep)

Мерил Стрип (72) отсекогаш била една од најдобрите холивудски актерки благодарение на талентот, но и на својот необичен изглед. Како што изјави за „Венити фер“, таа не прибегнува кон ботокс инјекции или пластични операции. Актерката објаснува: „Кога ќе почнете да правите нешто такво, многу е тешко да се запре. Обидот да се запре времето, да изгледате младо, е штетно за работата на актерот и едноставно бескорисно“.

Актерката успева да изгледа одлично и по 70 годишна возраст благодарение на балансираниот начин на живот: плива неколку пати неделно, многу пешачи, пие доволно вода и се храни здраво.

Џулијан Мур

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julianne Moore (@juliannemoore)

Џулијан Мур признава: „Не сакам да ги осудувам луѓето затоа што прават пластична операција, но не верувам дека тоа помага да изгледаат подобро. Кога ќе погледнете некого со ботокс или пластична операција, изгледа чудно“.

62-годишната актерка вели дека нејзината тајна за убавина е постојано да користи крема за сончање, која ѝ помага на нејзината кожа да остане младешка. Џулијан користи само природна козметика, практикува акупунктура и се придржува до правилна исхрана.

Кејт Винслет

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Winslet (@kate.winslet.official)

Кејт Винслет (47) вели дека сега е многу помалку загрижена за својот изглед отколку во минатото, бидејќи е зафатена со кариерата и децата. Во 2011 година, во интервју за британски „Телеграф“, актерката рече: „Пластичната хирургија е во спротивност со моите внатрешни ставови, начинот на кој моите родители ме воспитаа и она што јас го сметам за природна убавина. Јас сум актерка, не сакам да го замрзнам изразот на лицето и да го оставам без емоции“.

Од деновите на мегахитот „Титаник“, актерката станува сè поубава секоја година благодарение на контрастниот туш, соодветната нега на кожата, спортот и грижата за здравјето.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо
Се вчитува....