13:34 - 7 ноември, 2026

Песков: „Не е исклучена средба“ Путин-Зеленски, но „само да се потпише одреден документ“

Песков нагласи дека не им верува на убедувањата на Зеленски дека Киев нема да ја нападне руската територија во случај да добие проектили со долг дострел од САД. 

Новинарите побарале од портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков да ја коментира изразената волја од украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со претседателот на Русија  Владимир Путин. „Никој не исклучува априори таква средба – рече Песков – и никој никогаш не го направил тоа. Сепак, таа мора да се подготви. Ако Путин и Зеленски некогаш се сретнат тоа ќе биде ексклузивно за да се дефинира еден одреден документ“, оној кој се однесува на мировниот договор.  „Работата на тој документ одамна престана и не продолжи“ – додаде тој.

„Веруваме дека Соединетите Држави намерно и ревносно додаваат масло на огнот. Испораката на американско оружје за Украина не помага да се разбуди желбата на Киев за продолжување на мировните преговори“, рече Песков, нагласувајќи дека не им верува на убедувањата на Зеленски дека Киев нема да ја нападне руската територија во случај да добие проектили со долг дострел од САД.

Меѓу другите прашања со кои се соочи Песков беше и транспортот на жито „за кој сè уште нема договор“ со Украина, која прво „треба да се занимава со деминирање на пристаништата“, а за во однос на ефектот од шестиот пакет на Европски санкции, вели: „Веројатно ќе имаат негативно влијание врз целиот континент, и за Европејците и за нас и за целиот енергетски пазар“.

Во врска пак, со околностите на смртта на Фредерик Леклер-Имхоф, новинар на француската телевизија БФМ, Песков вели: „За да извлечеме заклучоци, потребни ни се детални информации за тоа каде се случило, под кои околности, која е вистината, а што не е вистина. Ние ги немаме овие информации“.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....