11.8 C
Скопје
15:53 - 30 март, 2026

Пејачот јавно ѝ се извини на Северина по скандалот на „Дора“: Претерав

Пејачот и водител Саша Лозар ѝ се извини на колешката Северина за неговото скандалозно однесување за време на музичката шоу програма „Дора 2024“.

Имено, за време на настапот пејачката во раката имала пластично јајце, кое Лозар го зел и направил непримерен коментар. Сега му е јасно дека претерал, па јавно се огласи.

– Има моменти во животот кога некој претерува. Во вчерашното лудило и атмосфера, на Северина ѝ кажав тотални глупости и нешто што никогаш не би го кажал. Сев, навистина ми е жал што те повредив тебе, твоите најблиски или било кој. Знаеш дека тоа не ми беше намерата. Прости – напиша Саша преку Истаграм стори.

Да потсетиме, Северина во емисијата се појави со кадифен чекан, што беше асоцијација за нејзините долгогодишни судски битки. Тогаш Лозар ѝ пријде.

– Тоа е твоето јајце, Северина? Од кралицата на кокошките? Чекај, имам уште едно јајце.. Не е толку големо, но ќе биде добро – ѝ рекол, ставајќи ја раката во џеб и алудирајќи на нешто друго. Сите во студиото беа шокирани од потегот на Саша.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....