12.8 C
Скопје
13:50 - 18 декември, 2024

ПАТУВАЊА: Ова се најефтините дестинации за скијање во Европа за 2022

Сакате да скијате во Европа, но се прашувате која земја ги нуди најниските цени? Ова се најпопуларни и најефтини дестинации за скијање за 2022, според цената на ски-картата, сместувањето и храната.

РОМАНИЈА

Во Романија, планините се прекрасни и скијањето има пониска цена за разлика од другите центри во Европа. Идеална област за да поминете „бела недела“ во Романија е онаа на планините Поставарул и Бучеги, на границата меѓу Трансилванија и Влашка. Најпознат и најпопуларен ски-центар е Брашов со 40 километри падини кои се спуштаат по Карпатите. Цената на белата недела овде е околу една четвртина од она што би чинело во друго зимско одморалиште, особено ако одлучите да останете во Брашов, на околу 20 километри од ски-центарот (околу 40 евра дневно со изнајмување опрема, ски карта и јавен превоз до Појана).

Во Појана Брашов има падини за сите вкусови и нивоа, вклучително и патека од 5 километри за ски-експерти.

Предеал,  на 2 часа возење од Букурешт, е еден од најпознатите скијачки центри во Романија. На источните Карпати најдобри скијачки центри се Пјатра Неамт, Ватра Дорнеи и Дурау. Азагу е вистинскиот избор за оние кои сакаат да скијаат на не толку популарна дестинација. Има и одлична патека за деца и почетници.

ЧЕШКА

И во Чешка има голем избор за скијачите. Можете да скијате во областа Јестед, на северот на земјата и недалеку од Прага. Скијалиштето Шпиндлеров Млин во џиновските планини нуди 25 километри падини на 2 часа од главниот град.

Главните одморалишта ги вклучуваат Харачов, Рокитнице и Пасеки над Јизеру, Рејдице и Причовице. Покрај класичното скијање и сноубординг, во Чешка ќе ги најдете сите алтернативи кои ја прават скијачката недела комплетна: бањи и велнес центри во планините по ниски цени, авантуристички паркови како оној во Шпиндлеров Млин, еден од најголемите центри за лизгање.

ПОЛСКА

Во Полска има многу ски-центри, и тоа прекрасни, она што малку недостига се само повеќе патеки за деца, но тоа не значи дека полските скијачки центри не се дизајнирани за семејно скијање.

Зиелениец, фото инстаграм

Зиелениец  е едно од најпопуларните скијачки центри во Полска. Можете да скијате од ноември до почетокот на мај (трошокот за еден ден скијање, вклучувајќи 2 часа часови по скијање, чини околу 40 евра по лице; место за спиење може да се најде и за 5 евра по лице во хостел сместен меѓу планини, а во хотел и за 15 евра).

Закопане, на неколку километри од аеродромот во Катовице, чини малку повеќе, но сепак е ефтин во споредба со скијање, на пример, во Австрија или Италија.

СЛОВАЧКА

Највисоките врвови во Словачка се оние на Ниските Татри кои достигнуваат надморска височина од 2024 метри. Најважната област е Ски Јасна (28 км скијачки писти), додека скијачките центри се  со висок стандард, а со ниска цена во споредба со цените на пример, на Алпите.

Парк Сноу Високе Татри (5 км ски патеки) достигнува надморска височина од 1800. И овде, во високите Татри, како и во Ниските, ски патеките се сите сини и црвени, затоа не се погодни за оние кои сакаат да се забавуваат по тешки ски патеки (црни). 40 километри ски патеки може да се најдат во Јасенца Долина во Западните Татри. Локациите се Касова и Лехота.

БУГАРИЈА

Се наоѓа на листата на една од најпрепорачливите дестинации за скијање според услуга и цена. Можете да изберете да скијате во најпопуларните ски дестинации – Боровец (80 км од главниот град) или во Банско.

СЛОВЕНИЈА

И Словенија е на листата на европски земји кои нудат ефтино скијање.

Скијачката област Канин е поврзана со скијачката област Села Невеа во Фриули. Поместувајќи се малку подалеку од италијанските граници, можете да скијате во Марибор, каде се нудат ски патеки од над 40 километри.

Крањска Гора е најпознатиот ски-центар во земјата, поради стазите на кои се скија и Светскиот куп.

Потоа, тука се Вогел и Рогла кои се со особено ниски трошоци.

Черкно, фото инстаграм

Чернко е најновиот словенечки ски-центар: 20 километри скијачки патеки поврзани со модерни лифтови и, доколку треба, 100% покриеност со вештачки снег. Крвавец, пак, е најблискиот град до Љубљана, идеален за комбинирање на белата недела со посета на историските и уметничките убавини на словенечката престолнина.

 

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....