16:35 - 6 април, 2026

Ози Озборн го објави спотот за „Ordinary man“ и на публиката им ги откри своите најсреќни и најболни моменти! (ВИДЕО)

Пејачот Ози Озборн синоќа го објави новиот спот за песната „Ordinary man“, на која соработуваше со Елтон Џон, а во која ги оживеа и среќните, но и многу болните спомени од својот живот и богата кариера.

Во спотот, кој го враќа пејачот во неговиот роден град Бирмингем во Англија, Ози го разгледува својот живот како филм во кино сала.

Сликите се менуваат хронолошки – од неговото детство до првите денови во бендот „Black Sabbath“, па се до соло кариерата и животот со Шерон и нивните деца, како и моментите од нивната серија „The Osbournes“.

Во спотот не недостигаат ниту тешки, мрачни моменти, како што е фотографијата од полициска станица од 1984 година, кога Ози е уапсен поради непристојно однесување во алкололизирана состојба на јавно место.

Во песната и спотот за „Ordinary man“ се појавуваат и Елтон Џон и Слеш, а нумерата го дели насловот и со неодамна објавениот 12. албум соло албум на легендарниот музичар.

На ова издание се наоѓа и песната „It’s a Raid“, каде Ози соработува со раперот Пост Малоун.

Чед Смит, тапанарот на бендот „Red hot chili peppers“, кој напиша и свири во бројни песни од овој албум, објасни како е создадена баладата „Ordinary man“.

Ози ги обожава „Битлси“, тоа е неговиот омилен бенд. Рече дека му треба нешто со средно темпо, нешто што не е тешко. Направивме песна која е епска. Слеш има свои две сола, а во однос на тоа дека клавирот е важен дел од песната, се прашавме: „Кој знае добро да свири клавир?“. Ајде да го земеме „човекот ракета“. И тогаш тој (Елтон Џон) се појави зад клавирот, но и отпеа неколку стихови – изјави Чед, а пренесува „Ultimate classic rock“.

Озборн, кој во изминатите години се бореше со здравствени проблеми, беше принден да откаже турнеја во текот на целата 2020 година, за да ја добие потребната медицинска помош.

Слични објави

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....