-4.2 C
Скопје
09:24 - 9 јануари, 2026

Откриено како Тина Тарнер ги поминала своите последни денови во Швајцарија

Тина Тарнер ги поминала своите последни месеци земајќи часови по јога во паркот, купувајќи италијанска дизајнерска облека и гурманска храна и возејќи го своето порше низ нејзиното село покрај езеро, каде што била позната како „скромна“ и „пријателски настроена“.

Музичката легенда Тина Тарнер ги помина своите последни денови шетајќи низ живописното езерско село во Швајцарија што таа го нарекуваше дома.

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Tina Turner (@tinaturner)

Пејачката лежерно се шетала по улиците на Куснахт, купувајќи дизајнерска облека и гурманска храна.

Понекогаш седнувала на столче во локалниот парк, гледајќи низ Циришкото Езеро во планините покриени со снег што ја обележуваат алпската нација.

И покрај тоа што имаше личен батлер и целосен персонал, ѕвездата сама во возела своето порше.

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Tina Turner (@tinaturner)


Денес, 83-годишната музичка икона нејзините соседи ја паметат како „скромна“, „пријателски настроена“ и „љубезна”. Месарот Бени Ланг изјави за „Дејли мејл“.

„Тина Тарнер понекогаш доаѓаше во градот за да купува. Имаше батлер, но сакаше да оди сама, со сопругот Ервин. Особено им се допадна гурманската куќа „Мореира“. Тоа е најдоброто место во околината за чаден лосос и бели тартуфи. Тоа го купија таму.“

„Таа ќе кажеше „Gruezi“, како што ние велиме „здраво“ на швајцарско-германски, на луѓето што ги шетаат своите кучиња. Таа беше многу пријателски настроена.“

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Tina Turner (@tinaturner)


Тарнер ја посетувала и продавницата за дизајнерска облека „Ларедо“. Продавачката Арзу Оезогуз рекла:

„Госпоѓа Тарнер ќе влезеше во продавницата. Таа беше многу скромна. Влегуваше со нејзиниот сопруг Ервин. Таа не беше вообразена. Јас ќе и речев: „Здраво г-ѓа Тарнер“, а таа ќе ми возвратеше со „здраво“.

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Tina Turner (@tinaturner)


„Сакаа чевли. Овде имаме многу убави чевли, направени од италијански дизајнери. Чинат околу 1.000 швајцарски франци”, рекла продавачката, а потоа додала:

„Друг пат ја гледав како вози низ селата со нејзиното порше. Таа беше многу љубезна дама.“

Друга жителка, кој сакала да биде позната само како Кармен, рекла:

„Ја гледав Тина Тарнер како оди по улица со нејзиниот сопруг. Тие изгледаа многу опуштено и среќно заедно“.

Слични објави

Откачете се: Голема животна промена кај Искра Канзурова

msp-admin

(Фото) Еве како семејството Дивац го прослави Божиќ во Лос Анџелес: На масата погача, реагираше и Новак Ѓоковиќ

Еспресо

(Фото) Оваа убавица е ќерката на Олгица Христовска, посебна радост за Каја

apostolova

Дневен хороскоп за 9 јануари: Размислете пред да донесете одлука

apostolova

„Говорел дека ги споил Свети Василије Острошки“: Нови детали за врската на Мина Костиќ

Е.А.

Урнебесно: Таткото на Милица Тодоровиќ се санка како дете, пејачка во неверица

Е.А.
Се вчитува....