9.8 C
Скопје
14:45 - 31 март, 2026

Откажан концертот на „Рибља чорба“ во Ниш поради здравствената состојба на Бора: Лекарите му забранија на легендарниот музичар

Легендарниот српски бенд „Рибља чорба“ нема да настапи утревечер во Ниш на плоштадот Кралот Милан, поради болеста на фронтменот Бора Ѓорѓевиќ, дознава српски „Курир“, на голема жалост на многубројните обожаватели кои долго се подготвуваа за ваков спектакл.

Во извинувањето на оваа жива легенда на рокенролот, се наведува дека докторот строго му забранил секаков напор, бидејќи боледува од тешко воспаление на белите дробови, така што настапот ќе му ја влоши здравствената состојба.

Претставниците на бендот на социјалните мрежи објавија дека лекарите му забраниле на Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешкиот грип и проблемите со хронична, опструктивна болест на белите дробови

– Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во прва прилика – им порачал Бора на организаторите од градската структура на управата.

Тој и „Рибља чорба“ требаше да настапат од 20 часот утре во Ниш, а задутре и во Бор. Како што неофицијално се дознава, во тек се преговори со бендот „Ван Гог“, кој во секој свој настап во Ниш, а ги имаше неколку такви, покажувал впечатлива нота на професионализам и ѝ пружал одлична атмосфера на публиката.

Како што е најавено, за новогодишната ноќ во Ниш ќе настапат пејачите Виолета Вики Миљковиќ и Бобан Здравковиќ.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....