3.8 C
Скопје
20:53 - 20 декември, 2024

Оскари 2022, дали ТИМОТИ ШАЛАМЕ е новиот Леонардо Ди Каприо? Лудилото по него е наречено ШАЛАМАНИЈА!

26-годишниот глумец на црвениот тепих на Оскарите се појави без кошула, како вистинска рок ѕвезда. Тој е толку обожаван од тинејџерите (и не само од нив) што се зборува за Шаламанија, модерна верзија на Ди Каприоманија од деведесеттите години. Меѓу нив двајца има многу сличности. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Meagher (@hautelemode)

Тимоти Шаламе продефилира со голо торзо на црвениот тепих, а врз голото тело имаше отпетлано сако. Дваесет и шест годишниот глумец, главниот лик на филмот Дина, блокбастерот на Денис Вилнев, стана ѕвезда кога имаше само 21 година, лансиран во филмскиот свет од Лука Гвадањино. Денес тој е меѓу најомилените американски ѕвезди. Толку многу обожаван што, како што рече Гардијан, сега зборуваме за Шаламанија – модерна верзија на Ди Каприоманија, кога тинејџерките лудуваа по Леонардо Ди Каприо по успехот на филмот „Титаник“ во 1997 година (тогаш ДИ Каприо имаше 23 години).

Денес пак, е време на опсесија за Тимотеј. Се вивна кон врвот благодарение на извонредната глума во Call Me by Your Name со што стана најмладиот кандидат за Оскар во изминатите 80 години. Потоа дојдоа многу други важни филмови за да ја одржат неговата слава во живот: Lady BirdHot Summer NightsBeautiful BoyThe King, Мали жени…Но, тој ги држи нозете цврсто на земја: „Не знам како е ова можно , тоа е апсурдно. Благодарен сум што можам да работам и што можам сам да си ги плаќам сметките “, рече тој пред неколку години. Сè уште го нема освоено Оскарот, но дома веќе има донесено десетици награди, меѓу кои и онаа за најголема ѕвезда во подем. Каде ги чува наградите? „Мајка ми ги чува, ги стави покрај трофеите освоени како дете на спортски натпревари, кога сонував да станам фудбалер. Во пракса, сега, тие се нејзини“, низ смеа изјави француско-американскиот актер кој од Ди Каприо практично го зеде жезолот на нова надеж на кинематографијата.

Тимотеј има многу заедничко со неговиот претходник. Згоден, андроген тип, талентиран, тој е неодолива мешавина на мистерија, невиност и сензуалност. Сите бонуси, кога станува збор за освојување на срцата на тинејџерите (и не само на нив), се на негова страна Син на француски новинар кој работи за Обединетите нации и поранешна американска танчерка, двојазичен од неговото раѓање, Шаламе го напуштил Универзитетот Колумбија за да биде актер со полно работно време. Ниту Ди Каприо не сакал да учи: оскаровецот нема диплома во џебот. Друга допирна точка: и двајцата почнаа од ТВ серии. И двајцата, по филмот што ги вивна во ѕвездите, не престанаа да добиваат уште пдобри улоги.

Но, додека 20-годишниот Ди Каприо флертуваше со (речиси) секој супермодел во тоа време (од Бриџит Хол до Наоми Кембел до Хелена Кристенсен), срцекршачот Тимоти (дури и колешките како Џенифер Лоренс признаа дека го сакаат) изгледа повеќе склон кон трајни љубовни врски.

Од 2013 до 2017 година тој беше свршен со ќерката на Мадона, Лурдес Марија Чиконе, негова соученичка во средното училиште за музика, уметност и изведувачки уметности „Гардија“. Потоа во неговиот живот дојде Лили-Роуз Деп, ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради. Двајцата се вљубиле во 2018 година на снимањето на „The King“. Во 2020 година пристигна веста за раскинувањето. За идната љубов, ќе видиме.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....