5.8 C
Скопје
01:42 - 1 април, 2026

Осигурителна компанија тврди дека ѕвездата на „Беверли Хилс“ лажела за ракот за да се извлече на суд!

Американската актерка Шенон Доерти (48) неодамна ја информираше јавноста дека ракот и се вратил, односно дека болеста е веќе во четврти стадиум. 

На таа изјава реагираше осигурителната компанија „Стејт фарма“, која заклучила дека актерката ја злоупотребува болеста за да предизвика сожалување.

Од осигурителната компанија тврдат дека тоа би ѝ помогнало во судскиот спор.

Фото: Инстаграм

Во март лани Шенон ја тужеше компанијата, бидејќи не ѝ го исплатиле целиот износ за поправање на нејзината куќа, која е оштетена во текот на пожарот во Калифорнија во 2018 година.

Нејзините адвокати тврдат дека морала од свој џеб да ги плати поправките кои инаку би требало да ги покрие осигурувањето и дека ова судење ѝ предизвикува дополнителен стрес за време на тешката болест.

Шенон Доерти умира од рак кој е во четвртата фаза. Наместо своите последни години да ги проживее во мир во својот дом, таа мора на суд да се бори со осигурителната компанија“, пишуваат странските медиуми.

Фото: Инстаграм

Компанијата досега ѝ исплатила 1,1 милион долари, а Шенон тврди дека трошоците на комплетната поправка изнесуваат речиси четири милиони долари. 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....