2.8 C
Скопје
22:24 - 22 февруари, 2025

ОМИКРОН 2, што до сега е познато за новата варијанта, „сестрата“ на Омикрон?

Веќе е регистриран во над 40 земји низ светот, има некои разлики од оригиналот, но засега се чини дека не претставува голема опасност.

Сè уште не сме навикнати на оригиналната варијанта Омикрон, а веќе слушаме за Омикрон 2, „сестрата“ или во секој случај блиска роднина на првичната Омикрон.

Омикрон 2 варијантата веќе е пронајдена во над 40 земји низ светот.

Омикрон 2: што за сега знаеме

Првата варијанта што ја знаеме е Делта, втората која предизвика „масакри“ од инфекции за време на божиќните празници низ Европа, им е позната на сите, како Омикрон. Третата варијанта, не требаше долго да пристигне и, веќе во поголемиот дел од светот, се пронајдени примери од оваа нова трансформација на вирусот.

Назначен со иницијалите BA.2, припаѓа на истиот сој како Omicron (BA1). Двете мутации се речиси идентични, но се разликуваат по некои карактеристики.

Имено, BA.2 споделува 32 мутации со BA.1, но има и 28 уникатни мутации. Севкупно, има 70 мутации повеќе од оригиналниот вид „Вухан“, додека BA.1. има 53.

Понатаму, генот S е отсутен во новата варијанта, главната карактеристика на Omicron BA.1, недостаток што го отежнува откривањето преку обични тестови.

Според првите податоци, сепак, се чини дека нема посериозни ефекти врз пациентите, ниту пак поголема потенцијална отпорност на вакцините, иако изгледа многу попренослива.

Дифузија во светот

Варијантата BA.2 е пронајдена во над 40 земји, но нејзиното потекло сè уште не е јасно дефинирано. Јужна Африка и Филипините, сепак, се чини дека беа првите држави што ја идентификуваа.

Меѓутоа, Данска, заедно со Шведска, Индија и Сингапур, се земјите што имаат најголем број случаи, за сега. Во Данска новата варијанта е дури пораспространета во споредба со претходната, со 65 проценти од новите случаи.

Не е вклучен алармот, но останете будни!

Според данскиот виролог Андерс Фомсгард, нема потреба да се грижиме, бидејќи симптомите изгледаат исти како варијантата Омикрон и меѓу заразените нема големи разлики во однос на оригиналната варијанта.

Матео Басети, директор на клиниката за инфективни болести во болницата Сан Мартино во Џенова, исто така, се согласува со данскиот виролог (инаку во Италија се регистрирани 9 случаи од Омикрон 2), но повикува на претпазливост зошто сè уште не е доволно позната и што, згора на тоа, како и нејзината „сестра“ (Омикрон), го заобиколува имунитетот стекнат од вакцините.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....