19.8 C
Скопје
16:32 - 3 мај, 2024

30 СУПЕРНАМИРНИЦИ ЗА СТОМАК „СО ПЛОЧКИ“: Го топат салото, го забрзуваат метаболизмот и пријатели се на мускулите

Храната за совршено рамен стомак може да биде вкусна, а дека изборот на таа храна е многу мал е само уште една заблуда која ја пропагираат љубителите на брзата храна.

Во продолжение следат 30 супернамирници кои може да ги комбинирате во уникатни салати или предјадења, а стомакот и вашиот нов тесен фустан ќе ви бидат благодарни за тоа.

Бадеми

Полни се со витамин Е и протеини, но и со влакна кои ќе  спречат да се  чувствувате  гладни. И покрај фактот дека се калорични, не придонесуваат за формирање на масни наслаги на стомакот.

Зелен зеленчук

Кељот, зелената салата и спанаќот треба да се најдат во секој ваш оброк. Тие се нискокалорични, полни со влакна, витамини и минерали.

Овес

Една порција овесни снегулки за појадок е вистинскиот начин на своето тело да му дадете енергија за целиот ден. Подолго време ќе бидете сити и ќе го намалите холестеролот.

Маслиново масло

Полинезаситените масти како оние кои ги има во маслиновото масло го продолжуваат чувството на ситост, а маслиновото масло содржи и олеинска киселина која помага во топењето на мастите во телото.

Грав

Содржи хранливи материи, како што се протеини и влакна, но има малку калории и полн е со енергија која се ослободува полека, што значи го продолжува чувството на ситост и ги јакне мускулите.

Пеперминт

Познат е по своите корисни ефекти на дигестивниот систем. Најдобро е да го користите во вид на чај.

Зелен чај

Му помага на телото да се ослободи од непотребните течности и го забрзува метаболизмот.

Јаболков оцет

Доколку сакате брза детоксикација, додадете го во вашата исхрана, бидејќи ќе ви помогне да се ослободите од лошите бактерии во цревата, од водата и токсините.

Сок од брусница

Богат е со витамин Ц, а има и одлични диуретични својства.

Домати

Вкусен зеленчук кој е богат со антиоксиданси кои ја спречуваат надуеноста и го подобрува лептинот, протеин кој ги регулира метаболизмот и апетитот.

Лук

Секое чешне содржи антиоксиданси и природна хемикалија алицин, која ги уништува штетните бактерии и вируси.

Лути пиперки

Му помагаат на организмот подобро да ги потроши мастите. Содржaт бета каротин и двапати повеќе витамин Ц од препорачаното.

Банани

Спротивно од општото мислење, ова овошје е добро за слабеење бидејќи содржи: цинк, калиум и влакна.

Лубеница

Половина  лубеница содржи два пати повеќе калиум од бананите, ниско  калорични се и богати со антиоксиданси.

Краставица

Има слични карактеристики како лубеницата, бидејќи се од исто семејство. Тие се природен диуретик и ќе ви помогнат да ја спречите надуеноста.

Бобинки

Полни се со антиоксиданси и растителни влакна, а имаат малку калории.

Цимет

Овој сладок зачин го регулира нивото на шеќер во крвта така што го регулира производството на инсулин, а некои истражувања укажуваат на неговото големо значење во ослободувањето на вишокот енергија од масните клетки.

Ѓумбир

Со векови се користи како помош при варењето, поради тоа што има анти-воспалителни и антиоксидантни својства. Содржи и ензими кои помагаат во варењето на протеините.

Кафеав ориз

Сложените јаглени хидрати, протеини и витамини кои ги содржи се прекрасни за топењето на мастите, а подобар е од белиот ориз, бидејќи е богат со витамин Б.

Кикиритки

И покрај лошата репутација, неколку кикирики помеѓу оброците може да ви помогнат да не се прејадувате, а обезбедуваат протеини како и омега-3 масните киселини, растителни влакна и витамин Е.

Авокадо

Го споредуваат со лутите зачини, бидејќи ја поттикнува работата на дигестивниот систем, но е богато и со  калиум, кој ја регулира рамнотежата на течностите, и магнезиум, кој го спречува запекот.

Семки од сончоглед

Содржат влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, како и витамин Е, протеини и сложени јаглени хидрати.

Ф’стаци

Едни од најдобрите грицки кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот масни наслаги на стомакот, имаат помалку калории од многу други, а се богати со протеини, влакна и други есенцијални витамини и минерали.

Јогурт

Природен пробиотик кој ослободува од надуеност во стомакот поради тоа што содржи бактерии кои го подобруваат варењето на храната . Одлучете се за јогурт со низок процент на масти.

Лосос

Богат е со омега-3 и омега-6 масни киселини.

Ананас

Го зголемува процентот на ензими за варење со кои се намалува надуеноста, богат е со природен овошен шеќер, кој ќе ја намали желбата за слатки.

Црн пипер

Едноставен начин за да ја спречите надуеноста на стомакот после јадењето е да додадете малку мелен црн пипер во јадењето.

Целер

Одличен е за детоксикација, спречува задржување на водата во организмот и ги ослободува токсините од телото.

Пиперки

Го смируваат дигестивниот систем, но го подобруваат метаболизмот. Богати се со витамин Ц и ја намалуваат желбата за слатки.

Аспарагус

Богат е со витамини А, Б комплекс, Ц и Е, и содржи цинк и калиум, кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот на течности.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....