04:54 - 6 април, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Фестивалот Коачела одложен поради коронавирусот!

Еден од најпознатите музички фестивали во светот, Коачела, принудно ќе биде одложен поради актуелната опасност од коронавирусот. 

Фестивалот требаше да се одржи следниот месец во калифорниската пустина,  а меѓу главните ѕвезди требаше да биде групата „Rage Against The Machine“, која по долги години повторно се собра.

Организаторот објави дека фестивалот се одложува за октомври на барање на локалните здравствени власти.

Според последните информации, во САД има над 1.000 заразени и 28 починати, а токму во областа Коачела Вели неодамна беше прогласена вонредна здравствена состојба, поради што беше откажан и тенискиот турнир во Индијан Велс.

Коачела минатата година привлече 250.000 луѓе.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....