0.8 C
Скопје
22:02 - 18 декември, 2024

Одржувањето лична хигиена низ вековите: Старите Грци се туширале со црева, на римските аристократи робовите им ги миеле забите

Поголем дел од животот го поминуваме во рутински дневни активности кои воопшто не ги паметиме, ниту ги сметаме за некои големи достигнувања, но историја на одржувањето хигиена е повеќе од интересна.

Станување од кревет

Душеците не се релативно нов пронајдок. Археолозите од Јужноафриканската Република пронашле душеци од листови и трска, стари 77.000 години, од добата на мезолитот, како еден вид претходница на денешните удобни подлоги за спиење.

Во стариот Египет, богатата класа можела да си дозволи подигнати дрвени кревети. И додека сиромашните спиеле на перници од животински влакна, богатите се одморале на обликувани перници направени од комбинација од дрво, слонова коска и алабастер.

Profimedia

Одење во тоалет

Ладната даска на денешните ВЦ-школки е изненадувачки слична на камената верзија користена од старите Египјани, но сепак, ВЦ-школката со механизмот за повлекување вода не била позната сè до 1590 година, кога ја дизајнирал Сер Џон Харингтон.
Тој бил премногу зафатен со пишување поезија, па пронајдокот за поширока употреба требало да ја почека француската аристократија во 18 век, која го прифатила овој пронајдок. Поголем дел од припадниците на средната класа сè до 19 век немале можност да ја заменат класичната канта со ВЦ-школка.

Користење тоалетна хартија

Еквивалент на тоалет хартија во Каменото доба биле листовите и мовта. Во нешто поблиско минато Римјаните во своите јавни тоалети немале посебен дел за физиолошки потреби, а материјалот за бришење бил обичен сунѓер на стап, кој кружел помеѓу посетителите.

Во средновековна Јапонија немало потреба од сунѓер, туку преферирале бамбусови стапчиња. Од друга страна, Кинезите користеле хигиенска хартија за бришење уште во деветиот век, додека западната цивилизација на нешто слично морала да почека цел милениум. Дури во 1857 година почнало масовното производство на тоалетна хартија.

Profimedia

Туширање

Уште во античко време Старите Грци во јавните бањи користеле црева од кои прскала вода под притисок, тушот во модерна смисла на зборот измислен е уште во 1767 година. Необично е тоа што тушевите се ставале и на тркала, а во 19 век претставен е и „Вело-туш“, направа која прскала вода само кога се вртеле педалите, како кога се вози велосипед. Туширањето како хигиенска навика не напредувала линеарно низ вековите.

Па така, додека Римјаните опсесивно се капеле, медицинските теории во 17 век заговарале дека бањањето е опасно, бидејќи со тоа се отвораат порите на кожата и се изложува на напади од чума. Кралевите и аристократијата овие совети ги почитувале и скоро воопшто не се капеле, освен ако лекарите не ги советувале, но наместо тоа често менувале постелнина.

Облекување долна облека

Со влажна крпа замотана околу телото излегувате од туш-кабина, се бришете и облекувате долна облека. Фараонот од Бронзеното доба не бил поразличен.

Кога Хауард Кард во 1922 година ја открил гробницата на Тутанкамон, меѓу славното богатство биле и 145 пара резервна долна облека за употреба во задгробниот живот. Тие платнени парчиња облека во тоа време биле стандардна долна облека која ја носеле и селаните и фараонот. Сепак, не се најстари. На замрзнато човечко тело, кого го нарекле „Ледениот Отзи“, пронајдено во тиролските Алпи, откриено е дека носел долна облека од козја кожа уште пред 5.300 години.

Миење заби

Иако изгледа како модерна појава, оралната хигиена е нешто што луѓето го практикуваат веќе десетици илјади години. Најстариот запис за поправање заби датира од неолитски Пакистан пред 9 000 години. За да ја избегнат „агонијата“ од поправањето на забите, миењето на забите било одомаќинето уште во Стариот Рим, во средновековна Индија и во Британија во времето на Тјудор.

На римските аристократи робовите им ги миеле забите, така што на врвот на еленски рог ставале прашок и триеле додека забите не им светнеле, по што следувало плакнење. Во фамилијата Тјудор прферирале вински оцет или вино за миење заби.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....