Гардеробата, за која со години се зборува кака за вистинско модно богатство, крие приказна што малкумина ја знаат. Плановите за нејзината судбина одеднаш се променија, а одлуката што следеше предизвика шок кај најблиските.
Марина Туцаковиќ, една од најпознатите авторки на хитови на српската музичка сцена, во текот на својот живот имала посебна страст кон брендираната облека. Нејзината љубов кон луксузните модни парчиња била толку голема што честопати ги трошела сите свои хонорари за купување облека, обувки и модни додатоци.
Поради големата количина на работи, Марина дури и изнајмила посебен стан на Врачар каде што ја чувала својата раскошна колекција. Како што наведуваат српските медиуми и извори блиски до семејството, проценетата вредност на нејзината гардероба достигнала речиси еден милион евра.
Меѓу највредните предмети била и ретка чанта од брендот „Алаја“, која ѝ ја подарила пејачката Гога Секулиќ. Ова луксузно парче било дел од нејзината импресивна гардероба што страсно ја негувала низ годините.
– Марина никогаш не жалеше пари за гардероба, чанти и обувки. Знаеше дека ќе ги потроши сите хонорари на тоа па и да остане без динар. Тоа беше нејзин порок, што не е изненадувачки кога отсекогаш била личност со стил. Како што колекцијата растеше со текот на годините, таа повеќе немаше каде да ги чува сите овие работи, па на крајот изнајми стан на Врачар, во близина на станот каде што живееше. Таму имаше сè на едно место и тоа беше само нејзин агол. Знам дека таму чуваше и чанта од брендот „Алаја“, која ја доби како подарок од Гога Секулиќ. Наоми Кемпбел ја имаше истата. На Марина многу ѝ се допадна, а Гога ја купи во Цирих за 6.000 франци. Додека другите пејачки ѝ останаа должни, Гога секогаш беше лав и ова беше начин дополнително да ѝ се оддолжи за сите големи хитови што ѝ ги напиша во кариерата – открил извор близок до Марина Туцаковиќ за „Курир“.
По смртта на Марина Туцаковиќ, нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута и покојниот син Лаќа имале план да ја стават облеката на аукција.
– Кога Марина почина, Лаќа имаше план да ја продаде нејзината гардероба на аукција за да обезбеди почетен капитал за основање фондација што ќе го носи нејзиното име и која ќе им помага на жените кои страдаат од рак. За жал, тоа не се случи бидејќи и Лаќа почина во меѓувреме, а Фута се откажа од тој план и тој никогаш не се реализираше. Фута подоцна ја спакува целата таа гардероба во црни вреќи и им ја подари на жените кои беа вработени кај нив – рече изворот.