10 C
Скопје
02:54 - 21 април, 2026

„Њујорк тајмс“, тајните планови на САД во случај на нуклеарен напад

Директивата на „претседателите“ за која не знае ниту американскиот конгрес: цензура, исклучување на интернет и воена состојба.

„Њујорк тајмс“ објавува напис каде што ги кажува тајните директиви – кои никогаш не биле откриени, дури ни на американскиот Конгрес – за процедурите што треба да се спроведат во случај на „апокалиптични сценарија“ (како нуклеарен напад): воена состојба, цензура, целосна контрола на комуникациските мрежи. Во случај на такви сценарија, всушност, „воените овластувања“ загарантирани на американскиот претседател се обемни и со важни последици врз индивидуалната слобода на американските граѓани.

Тоа се овластувања содржани во строго тајни директиви, никогаш не објавени во јавноста и кои се ревидирани со текот на годините. Њујорк тајмс имал пристап до доверливи документи.
За време на Студената војна, доверливите директиви вклучиле и воена состојба, а потоа „заокружување на оние кои се сметаа за опасни“ и цензура на вести од странство. За време на мандатот на Џорџ Буш, тие беа модифицирани по нападот на 11 септември, воведувајќи можност „претседателот да ја преземе контролата врз комуникациските мрежи во време на војна“ (пишува Тајм).

Поради оправданост со потребите за национална безбедност, летото 2008 година – известува Њујорк Тајмс – „тие дополнително беа разгледани“ и всушност има индикации дека американското Министерство за правда дополнително ги ревидирало во согласност на „мислењето на Врховниот суд“, пренесува раињуз.

Документите не покажуваат што е „ретуширано“, кое мислење, но тогаш беа објавени две важни одлуки: едната за правото на оружје во Соединетите држави, а другата за правата на затворениците од Гвантанамо.
„Овие документи не оставаат никаков сомнеж дека во светот по 11 септември, вонредните дејствија имаа директни и значајни импликации за американската слобода. И за ова е неприфатливо да нема супервизорство од владата“, вели Елизабет Готеин, од Бренан Ценатар за правда при Њујоршкиот универзитетот, интервјуирана од Тајмс.

Иако не е јасно како овие директиви еволуирале по Студената војна, веројатно е дека тие се проширени за да вклучуваат сценарија дури и „повеќе од нуклеарен напад“.

 

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....