10.8 C
Скопје
18:41 - 12 март, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Младите уметници имаат пријател – Клиника „Жан Митрев“

Клиниката „Жан Митрев“ продолжува со својата посветеност кон поддршката на младите таленти и македонската култура и уметност.

Во рамките на оваа своја мисија, клиниката беше мецена на младото музичко дуо Јанев и Лазарова, кои го претставија нашето музичко богатство на големата сцена во Њујорк.

Во преполната сала на престижниот музички центар „Ди Мена Сентар фор класик мјузик“ (The DiMenna Center for Classical Music“, во срцето на Менхетн, беа одржани концертите на победниците од Интернешенал јут мјузик компетишн (International Youth Music Competitions, IYMC) – глобална манифестација која ги собира најталентираните млади музичари од целиот свет.

На сцената настапи дуото Јанев и Лазарова – Златица Лазарова и Јулијана Јанев, ученички во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, кои со виртуозна изведба на „Рапсодија бр. 2“ од Франц Лист ја воодушевија публиката и добија долготраен аплауз.

„Голем предизвик е да се настапи на ваков свечен концерт меѓу најдобрите инструменталисти од целиот свет. За мене ова беше остварување на сонот и огромен поттик за понатаму. Му благодарам на доктор Жан Митрев за поддршката што ми овозможи да го реализирам ова патување за кое сонував со години. Ќе продолжам со уште поголем ентузијазам, знаејќи дека постојат луѓе и институции кои искрено ја ценат уметноста“ – изјави младата пијанистка Златица Лазарова, споделувајќи ги впечатоците од настапот во Њујорк.

Со вакви иницијативи, Клиника „Жан Митрев“ уште еднаш го потврдува својот статус како општествено одговорна организација, која верува дека вложувањето во младите уметници претставува инвестиција во иднината на нашето општество.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....