9.8 C
Скопје
12:39 - 31 март, 2026

Новогодишни настапи за брдо пари: Која е „тарифата“ на популарните пејачи за Нова година

Популарната хрватска пејачка Северина годинава за дочек на Нова година ќе пее во родниот Сплит, Црна Гора пак, ги собра големите ѕвезди – Констракта, Џибони и Чола, во Мостар ќе пее Жељко Бебек, во Белград – ДЈ Мајк Рајд, Зера, Газда Паја…

Но ваквите настапи секогаш се одлична шанса за добра заработувачка. Не ги знаеме годинешните хонорари, но ланските ви ги носиме „на тацна“, само од сумите може да ве заболи глава.

Српските пејачи се поотворени кога станува збор за заработуачката отколку нашите музичари, а и секако, тие повеќе заработуваат. „Телеграф“ лани објави информации за висината на хонорарите на одворните за забава во најлудата ноќ.

Аца Лукас, настапуваше во популарен клуб, а се зборуваше дека ќе биде побогат за дури 60.000 евра од најлудата вечер. Тој е еден од најплатените музичари на нашите простори во секој случај.

Годинава ќе настапи во Македонија на 2 јануари.

Следен на листата е Ацо Пејовиќ, кој наводно лани земал 45.000 евра за да настапи во хотел.

Радиша Трајковиќ Ѓани настапил во ресторан, наводно за хонорар од 40.000 евра.

Александра Пријовиќ пеела во луксузен белградски хотел за, како што се шпекулира, 35.000 евра.

Според изворите, Сека Алексиќ и Дара Бубамара за новогодишната тезга се договориле за 25.000 евра. Со Дара настапи и Слоба Радановиќ, кој зел исто толку колку и неговата постара колешка.

Рада Манојловиќ собрала 20.000 евра благодарение на настап во ресторан.

Наташа Беквалац наводно добила 70.000 евра за ланската новогодишна ноќ и репризите, а гостувала во два хотели во Белград.

 

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....