-3.2 C
Скопје
02:40 - 19 февруари, 2026

НОВИ ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА ЗА ХЈУ ХЕФНЕР, ОСНОВАЧОТ НА „ПЛЕЈБОЈ“: Инсистираше на оргии, дрогираше зајачици, бараше орален секс со волчјаци….

Фараонска вила, убави жени и скапа облека, вака во колективната меморија е фиксирана сликата на Хју Хефнер, основачот на Плејбој, но сега на виделина излегоа вознемирувачките детали од неговиот секојдневен живот кои претат дека сериозно ќе го нарушат угледот на овој човек кој вечно беше во потрага по задоволство.

Слабост му беа русокосите, фото – инстаграм

Документарната серија од 10 епизоди, Тајните на Плејбој, ќе ја отвори кутијата на  „темната страна“ на Плејбој и како замокот на Хефнер стана озогласено место за употреба на дрога, сексуална злоупотреба и други бизарности.

Серијата навлегува во вистините зад Плејбој со ексклузивни интервјуа со инсајдери, вклучувајќи ги бившите девојки на Хју Хефнер, Холи Медисон и Сондра Теодора, како и поранешната „Мајка зајачица“ Пи Џеј Мастен.

Токму Теодора, која сега има 65 години, открива како имало групен секс во вилата пет ноќи неделно. Холи Медисон, моделка која се забавуваше со Хефнер осум години, зборува за тоа како Хефнер одбил да користи заштита за време на сексот и како начинот на живот на една „зајачица“ дури ја навел да размислува за самоубиство.

фото – инстаграм

Серијата вклучува и интервјуа со Линда Лавлејс, порно ѕвездата од 1970-тите, која се прослави со филмот Длабоко грло, која вели дека била третирана како „парче месо“ и дека била принудена да има орален секс со германски овчар додека Хефнер и неговите пријатели гледале . Жените биле наведени да веруваат дека се дел од семејство, но секако тоа не било така.

Некои девојки се предозирале, други извршиле самоубиство, Хефнер исто така бил зависник од кокаин, кој честопати го набавувале самите девојки.

Лиза Ловинг Барет, извршен асистент на Хефнер во доцните 1970-ти, рече дека Хефнер имал резерви на Quaaludes, моќниот седатив што Бил Козби, наводно, како што се пишуваше, го користел за да ги дрогира своите жртви пред да ги злоупотреби.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....