10.8 C
Скопје
12:56 - 19 февруари, 2026

Нова трагедија за Ник Кејв, загуби уште еден син: Џетро почина на 31 година

Во 2015 година, Ник Кејв го загуби синот, 15-годишниот Артур, кој падна од карпа, а сега и вториот син на 31 годишна возрат. 

Уште еден трагичен смртен удар за пејачот и текстописецот Ник Кејв. Неговиот најстар син Џетро почина на 31-годишна возраст. Уметникот веќе изгуби син во  2015 година, откако падна од карпа во Брајтон, 15-годишниот Артур.

Џетро беше модел и актер. Кејв ја објави трагичната вест: „Со голема тага можам да потврдам дека мојот син Џетро е мртов. Би биле благодарни за почитувањето на приватноста во ова време“. Причините за смртта се уште не се откриени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @the_grounded_vagabond

Џетро е роден во Мелбурн во 1991 година, од Ник и неговата мајка Бо Лазенби. Но открил дека Ник Кејв му е татко дури кога имал осум години. Десет дена по раѓањето на Џетро, ​​второто дете на Ник, Лук, го родила неговата прва сопруга Вивиен Карнеиро.

„Тоа беше тешко време, но на крајот беше фантастично. На мое вечно жалење, немав многу контакт со Џетро во првите години, но сега имам одличен однос со него”, изјави своевремено Кејв, откако се зближи со синот.

На момчето неодамна му беше дијагностицирана шизофренија. На почетокот на оваа година тој беше уапсен за напад на неговата мајка, Бо, во Мелбурн, а минатата недела беше ослободен со кауција од Центарот за згрижување во Мелбурн, со упатства да се подложи на третман за злоупотреба на супстанции и да избегнува контакт со неговата мајка две години.

Во 2018 година, младиот модел веќе беше осуден за напад на неговата девојка во тоа време.

Кејв има уште две деца, Лук (30) од првиот брак со Вивиен Карнеиро и Ерл (21) од бракот со Сузи Бик.

Слични објави

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо
Се вчитува....