18:06 - 29 јануари, 2026

Нова драма на Бред Пит и Анџелина Џоли: „Одмаздољубивата“ продала имот од 30 милиони зад грб на Пит

Последното од драмата Бред Пит против Анџелина Џоли донесе интересен заплет кој ќе ги изненади фановите.

Додека поранешната двојка минува низ непријатна битка за старателство над нивните деца, има ново обвинение од Пит упатено против актерката а кое се однесува на францускиот имот што го делеше поранешната двојка. Познат е како Шато Миравал и на имотот има и луксузна винарија.

Правните документи докажуваат дека Бред Пит ја обвини „одмаздољубивата“ Анџелина Џоли дека тајно го продала нејзиниот дел од имотот без негова согласност. Актерот во овие судски документи што ги добиле новинарите од Page Six, тврди дека ниту еден дел од оваа заедничка сопственост не требало да се продаде без дозвола на другиот. Имотот што го имале заедно вредел околу 30 милиони долари.

Во 2008 година, сега разведениот пар го купи овој француски имот и легално се караа околу него откако се разведоа во 2019 година.

Дури и кога се разведоа, тие спогодбено се договорија за условите за овој имот со тоа што беше предвидено Бред Пит да има мнозински удел од 68%. И двајцата се согласија дека актерот е тој што вложил многу повеќе време и пари за овој проект.

Но, сè се промени во 2021 година, поради што Бред Пит експлодирал од гнев. Сето тоа се случило преку соопштение за медиумите во кое беше потврдено дека Анџелина Џоли продала 50% од акциите на рускиот олигарх Јури Шефлер, кој Пит го одбил во минатото.

Првично, тие наводни 38% од акциите што ѝ беа оставени на Џоли за кои и обајцата се договориле, се претвори во 50% кога Џоли ја вклучила и третата страна. Плановите да го продаде својот удел на нејзиниот поранешен сопруг тогаш одеднаш исчезнале. Но, зошто се случило ова? Во судските извештаи се наведува дека Анџелина Џоли не сакала да му продаде ништо на Пит и покрај тоа што се согласила дека ќе му продаде делот од овој имот кој толку многу му значи на глумецот. Ова се случило веднаш откако актерот го доби случајот за старателство, односно кога му беше доделено заедничко старателство над нивните шест деца. Сепак, оваа одлука подоцна беше поништена од судијата под притисок на Џоли.

Како што продолжува сегашниот случај меѓу поранешната двојка, сигурно ќе се појавуваат повеќе вознемирувачки детали. Инаку, оваа тужба поднесена од Бред Пит трае од февруари 2022 година и се чини дека ќе трае уште долго.

 

Слични објави

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо

(Фото) Дали е сè во ред со бракот на Реља и Николија? Пејачот фатен на пат кон аеродромот со непозната девојка

Еспресо

(Фото) „Ќе родам син спортист“: Јована Јеремиќ се пофали како изгледа нејзиното тело по редовен тренинг и здрава исхрана

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во хотелска соба со мистериозен маж: Објава што ги запали социјалните мрежи!

Еспресо

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Еспресо
Се вчитува....