24.8 C
Скопје
10:49 - 31 мај, 2026

Животот на Бил Козби го обележаа трагедии: Пред да заврши во затвор почина ќерка му, а синот му го изрешетаа во грабеж

Познатиот актер Бил Козби ги освои срцата на цела Америка со своето ТВ шоу во кое глумеше драг семеен човек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Cosby (@billcosby)

Но уште во 2014 година оваа слика за холивудскиот актер се урна пред очите на јавноста. Во тој период се појавија написи во американските медиуми дека Козби имал и своја темна страна, која била откриена за време на неговите патувања во Лас Вегас. Наводно, актерот таму имал бројни љубовници, а јавна тајна останува фактот дека има вонбрачно дете, кое се уште не го признал како свое и кое го негира од почетокот на гласините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Cosby (@billcosby)

Истата година беше откриено дека Козби дрогирал и злоставувал дури 13 жени, а се ова заврши на суд. Тужбата на крајот заврши со спогодба, која не беше објавена во јавноста.

Сепак, во 2018 година Козби заврши во затвор. Американскиот актер чие богатство се проценува на 500 милиони долари, ѕвезда на еден од најгледаните ситкоми во историјата на американската телевизија, Козби шоу, познат по веселите анегдоти поврзани со детството, растењето и семејниот живот, татко на пет деца, од 2018 година во својата богата биографија доби уште една ознака – осуден сексуален престапник.

По поминати две години и десет месеци во затвор, Козби се врати во нормалниот живот како слободен човек и во 2021 година бараше отштета велејќи дека има право на „милиони и милиони долари“ затоа што неправедно бил затворен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Cosby (@billcosby)

Судот беше дециден дека нему веќе нема да му се суди по обвинувањето дека ја дрогирал и малтретирал кошаркарскиот тренер Андри Констант во неговиот дом.

По краткиот молк во јавноста, неодамна повторно главна тема стана веста со ново обвинување за сексуално малтретирање, овојпат од поранешна манекенка и зајчица на Плејбој. Викторија Валентино го обвини Козби (85) дека ја злоставувал и искористувал уште во далечната 1969 година додека таа се обидувала да се пробие во Холивуд. Таа итакна дека глумецот ѝ давал апчиња кои ја зашеметувале, а потоа ја силувал. Валентино ја поднесе својата тужба против Козби во судот во Лос Анџелес минатиот четврток.

Тешка судбина на комичарот

Сепак, додека за жените кои ги злоставувал се зборува многу,  малкумина ја знаат неговата тешка животна судбина. Неговата ќерка почина пред пет години, додека синот на Козби беше убиен во 1997 година.

Имено, во 2018 година неговата продукциска куќа објави дека „семејството Козби се заблагодарува на сите за молитвите за саканата и убава Енса која почина по проблемите со бубрезите“.

Енса Козби, која почина на само 44 годишна возраст, глумеше во серијата „Козби шоу“, а даваше силна поддршка на татка си по обвинувањата за сексуални вознемирувања и малтретирања на жени. Блиските на семејството во тој период наведуваа дека девојката долги години се борела со бубрежни проблеми.

Сепак, тука не е крај на трагедијата на Бил Козби. И братот на Енса, постар од неа, загина во 1997 година, откако во грбот бил изрешетан од напаѓачи во тек на грабеж.

Слични објави

„Не ја изневерував“: Фудбалерот Рубен Дијаш се огласи за раскинувањето со британската водителка

Т.Ц.

Хороскоп за 31 мај: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо
Се вчитува....