18:19 - 10 ноември, 2026

„Неплатени сметки“: од денеска Русија ја прекинува струјата за Финска

Финскиот оператор на електричната мрежа уверува дека може без увозот на енергија од Русија кој сочинува 10 отсто од вкупниот.

Русија денеска го прекинува снабдувањето со електрична енергија за Финска. Ова го објави финската компанија за електрична енергија Фингрид, повикувајќи се на комуникација со РАО Нордик Ој, руската подружница на Интер РАО, според која извозот на електрична енергија од Русија во Финска „во моментов ќе биде суспендиран поради тешкотии при примање наплата за електрична енергија“.

Според финската компанија, не постои ризик да нема доволно струја во Финска, која неодамна увезуваше околу 10% од вкупната потрошувачка од Русија.

„Увозот што недостасува може да се замени на пазарот на електрична енергија со увоз на  електрична енергија од Шведска, а делумно и со домашно производство“, вели Реима Паивинен, потпретседател на Фингрид.

„Се проценува дека Финска е самодоволна во однос на електрична енергија уште во 2023 година“, вели Фингрид, „самодоволноста на Финска во производството на електрична енергија постојано расте, особено откога националното производство на енергија од ветер расте од година во година“.

„Бевме подготвени за тоа и нема да биде тешко. Можеме да се справиме со малку повеќе увоз од Шведска и Норвешка“, изјави Тимо Кауконен, оперативен менаџер за операторот Фингрид, во напнатата фаза со Москва, за AFP, поради плановите на Хелсинки за влез во НАТО.

Инаку ваква ситуација се случува првпат по повеќе од дваесет години. Од компанијата РАО Нордик, Окомпанија на руската групација ИнтерРАО и главен увозник на електрична енергија од Русија на нордиските пазари, во белешката што ја објави агенцијата „Интерфакс њуз“ се вели дека „за жал, во сегашната ситуација, РАО Нордик не може да плаќа за електрична енергија увезена од Русија. Затоа сме принудени да го прекинеме увозот на струја од 14 мај. Се надеваме дека ситуацијата наскоро ќе се подобри и дека трговијата со електрична енергија со Русија може да продолжи“.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....