7.8 C
Скопје
00:51 - 30 март, 2026

Ненси Пелоси во посета на Тајван; Напнатоста меѓу САД и Кина вртоглаво расте: Пекинг најавува „целни воени операции“ како одговор на посетата

Дваесет и еден кинески воен авион навлезе во зоната за идентификација на авио одбраната на Тајван на денот на пристигнувањето на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД,  Ненси Пелоси соопшти Министерството за одбрана на Тајпеј.

Тензиите меѓу САД и Кина вртоглаво расте. Источната команда на Народноослободителната армија ќе изврши операции со артилериски оган со долг дострел и ракетни лансирања во морето источно од Тајван, како дел од „целните вежби“ кои започнаа вечерва како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во Тајпеј, гласи едно од бројните  соопштенија издадени од кинеското Министерство за одбрана, овој пат потпишано од портпаролот Ву Џијан, во кое се вели дека Кина „одлучно ќе го брани националниот суверенитет и територијален интегритет и решително ќе се спротивстави на надворешното мешање и сепаратистичките обиди“ од Тајван, пренесува раињуз.

„Посетата на Ненси Пелоси го нарушува суверенитетот на Кина“ и „ќе ги зголеми тензиите“ меѓу Пекинг и Вашингтон. Ова го изјави кинескиот амбасадор во САД Квин Ганг, интервјуиран од CNN, коментирајќи ја посетата на Пелоси на Тајван, чија влада се декларира како независна од Пекинг.

 

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....