9.8 C
Скопје
11:10 - 30 март, 2026

Зад најубавата насмевка се крие голема тага: Убавата хрватска актерка се разведе, сопругот ги смени бравите од станот

На убавата и талентирана хрватска актерка Миа Беговиќ (61) воопшто не ѝ бил лесен живот.

Имено, Миа важеше за една од најубавите жени на територијата на поранешна Југославија. Глумеше во бројни театарски претстави, филмови и серии, а најпозната е по улогите во сериите „Гордоста на Раткаеви“ и „Вила Марија“.

Првпат се омажила во 1990 година со ватерполистот Роналдо Лопатни. Двајцата биле во брак помалку од 10 години и ја добиле ќерката Маја Лена.

По разводот, во 2004 година Миа повторно се омажила, овој пат за претприемачот Жељко Жнидариќ, а љубовта траела шест години, по што следувала уште една разделба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Begović (@begovicmia)


Иако се чинело дека Миа и Жељко ќе се разделат во добри односи, парот во 2012 година ги полнел  страниците во весниците со драмата што ја проживувале во борбата за станот во Загреб каде што живееле заедно.

Додека Миа го снимала реалното шоу „Преживеан“ во далечната Костарика, Жељко ги сменил бравите во нивниот стан за актерката повеќе да не може да влезе. Неколку дена спиела на скалите пред влезната врата. Тој исто така, го ставил станот под хипотека. Таа повикала новинари па дури и ногата ја повредила.

Сепак, најголемиот удар во животот за Миа Беговиќ беше смртта на нејзината сестра, славната и преубава актерка Ена Беговиќ, која загина во страшна сообраќајна несреќа во 2000 година, а во истиот автомобил беше и едномесечната ќерка на Ена, Лана, која ја доби во бракот со Јосип Радељак.

 

 

Слични објави

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо
Се вчитува....