7.8 C
Скопје
08:31 - 31 март, 2026

Негователка и на деца и на цвеќиња; позитивноста и љубовта се двата „закони“ на Ани

Ани Илиевска Димова по професија е негователка во детската градинка Калинка во Валандово.

Но освен на деца, Ани во слободното време е негувателка на цвеќиња. Вели дека уште од мала ги сака цвеќињата кои ѝ се лек на душата.

– За уредувањето на дворот сум одговорна јас, како и за планот каде кое цвеќе или дрвце да биде посеано. Ги ѓубрам со течно губриво, а и мојот сопргуг и двете деца помагаат, претежно ја косат тревата…-  ни ја открива Ани семејната цветна приказна.

Дворот е прилично голем, околу 600 квадрати. А има камелии, стеблести рози, калиопи, хортензии, бендџамин, бунгефилија, каланхолии, орхидеја, замија, самадора палма, кактуси, каталпа, нане, босилек, калинки…Накусо, што ви душа сака!

– Дома си ги чувам само замијата и палмата самадора кои ми се омилени, тие едноставно ми внесуваат позитивна енергија бидејќи по природа сум позитивна личност, се смее Ани и додава дека и орхидејата ѝ е дома, и „многу си ја сакам и ја негувам, подарок ми е од поголемиор син“.

Се разбира дека оваа убавина си бара многу време посветеност, а Ани ги негува своите убавици најмалку по два часа секојдневно, а викенди и многу повеќе.

Пред влезот, напред, под сенка царуваат камелиите и стеблестите рози, борчињата, калиопите и бегониите, а на сонцето му пркосат раскошните трендафили, жарчињата, кампанулата и каталпите.

– Предизвик ми е кога ќе си седнам во дворот и самиот поглед во цвеќињата ме релаксира и смирува. Секако и уживањето во друштво со најблиските со чаша вино, утринското кафе…  дружбите ме прават среќна, весела насмејана, и сето тоа ја дава смислата на животот – ни открива Ани и додава – еден е животот, треба да знаеме да го живееме, едноставно малите нешта ме прават среќна.

За крај нè потсетува дека цвеќињата сакаат љубов, да се грижиме за нив и да ги негуваме исто како што и децата не можат без љубов.

– Без љубов нема ништо – заклучува таа и советува – секој што сака да одгледува цвеќе треба да има пред сè љубов кон него, со самата љубов му дава живот на цвеќето и тоа расте и се развива.

Инаку, Ани е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија.

 Фото-приватна архива

(Фото сторија) Двор за мерак, вода од бунар за мерак: Од далеку се гледа дека Ѓоре и Даниела цвеќиња одгледуваат со мерак

Слични објави

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....