17.8 C
Скопје
13:42 - 11 март, 2026

Неделна временска прогноза: Екстремно висока УВ вредност…

– За време на овој викенд, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во Македонија e променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Потоа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во текот на следната недела и понатаму ќе имаме МНОГУ ТОПЛО време, а ќе биде и значително постабилно и посончево, иако во првите денови од неделата има услови за попладневна изолирана нестабилност. Минималните температури речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се спушаат и до близу 20 степени, што значи топло ќе биде и во утринските часови.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето.

Кратка најава за претстојното лето: Не очекува МНОГУ ТОПЛО лето со МНОГУ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ и чести продори на топлотни бранови од Африка кој ќе условуваат температури до околу, па дури и над 40 степени и тоа во најтоплите предели. Многу топло ќе биде и во останатите предели од Македонија, а повремено може да се очекуваат и ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (интензивен пороен дожд, можност за локални поплавувања, електрични празнења, силен ветер и појава на град), како и повремени озвежувања на времето, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin
Се вчитува....