9.8 C
Скопје
12:52 - 1 април, 2026

Неда Украден на работ на солзи: Пејачката се присети на својот голем хит кој има посебно значење за неа

Популарната пејачка Неда Украден одржа прес-конференција пред српските меидуми на која зборуваше за претстојниот концерт во салата на МТС во Белград.

По тој повод Неда со солзи во очите откри која песна ѝ е една од омилените и зошто.

– Нема да ви кажам сè, но ќе отпеам една песна што никаде ја немам изведено по тој прв настап. Го замолив Бата Ковач да ми напише песна, а Марина да го напише текстот. Се договоривме во февруари, а на 2 март татко ми почина на 69 години. Јас бев ужасно врзана за него како единица, а и тој за мене. Исчезна буквално за два-три месеци. Но, знаете како, шоуто продолжува, го договоривме и тој фестивал. Едвај ја испеав песната ‘Еј, да те слушав тебе татко’, бидејќи секој збор е моја ситуација. Марина Туцаковиќ ме познаваше мене и мојот љубовен живот и мојот однос со татко ми. Мислам дека тоа се најубавите стихови што ги напишала за песна која не е комерцијална – рекла таа и откри дека е многу среќна поради претстојниот концерт во Белград:

-Убаво е да се пее во мојот град, токму во оваа сала, го сакам затоа што комуникацијата со публиката е блиска – изјавила пејачката, која има особена благодарност кон семејството кое и е на прво место во животот:

– Мојот однос со семејството е на врвот, а потоа и сите останати работи. Моите внуци се моето најголемо богатство. Тие ми дадоа неверојатна смисла на мојот живот и на мојата кариера. Тие секогаш ќе бидат мои деца, додека сум жива- рекла Неда.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....