6.8 C
Скопје
02:48 - 31 март, 2026

НАУТРО СУМ ЌЕРКА НА МИСТЕР БИН, А НАВЕЧЕР – СЕСТРА НА КЕНДАЛ ЏЕНЕР

Неверојатни мејкап трансформации

Фабиола Баjери е една од највлијателните и најпознатите ѕвезди на „ТикТок“ во родната Италија. Осумнаесетгодишната девојка од Рим ја следат над 3 милиони луѓе, а нејзината популарност се должи на видеата во кои покажува неверојатни трансформации на шминка.

Самата Фабиола тврди дека наутро изгледа како ќерка на филмскиот лик Мистер Бин (Роан Аткинсон), а навечер како сестра на Кендал Џенер.

Фото: Принтскрин / TikTok / fabiola.baglieri

Еден поглед на нејзините забавни снимки е доволен за да поверувате дека ја зборува вистината! Фабиола го започнува секое видео со прикажување во утринското издание и без трошка шминка, а во некои моменти, поради густите веѓи, големите очи и гримасите на лицето, навистина наликува на славниот британски комичар.

Фото: Принтскрин / TikTok / fabiola.baglieri

Но, по само неколку секунди, таа се претвора во атрактивна, беспрекорна дама, чија убавина го одзема здивот! Секоја снимка од оваа Италијанка редовно има неколку милиони прегледи, а нејзиниот талент за шминкање ги воодушевува жените низ целата планета.

Инаку, и покрај тоа што оваа девојка ја истакнува впечатливата разлика во нејзините две варијанти – кога е нашминкана и кога не е, многумина тврдат дека таа е и природно многу убава, а дека нејзината глума е одлична и дека грдиот изглед е всушност само гримаса.

@fabiola.baglieriReply to @slaysactually you think?♬ need to know x goosebumps longer version DJ Lilli – DJ Lilli

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....