2.8 C
Скопје
00:08 - 28 март, 2026

Наташа Беквалац се кае поради пластичните операции: „Да имам временска машина, никогаш не би го направила тоа…“

Пејачката Наташа Беквалац важи за една од најубавите жени на српската јавна сцена, а за нејзините естетски зафати многу се зборуваше.

Пејачката еднаш отворено проговори за естетските операции кои ги правела и признала дека горко се покајала.

– Ги направив градите и се покајав. Да имав временска машина, никогаш не би го направила тоа, би останала природна. Секогаш има некои компликации секогаш кога има естетска операција. Никогаш не би допрела ништо на себе – изјавила своевремено Беквалац во емисијата „Амиџи шоу“.

Инаку, Наташа има две ќерки од два брака Хана и Катја, а во една прилика истакна дека е тешко да се биде самохран родител.

– Родителувам сама. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија што прилично ве обзема. Целосно сум посветена на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се две работи кои ме исполнуваат и ме окупираат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред – изјавила неодамна Наташа.

– Се што е големо е тешко. Сметам дека мојата улога е голема. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Уште потешко е да имаш тинејџерка и мало девојче во куќата. Ги родив, ги воспитувам и секако се гледам себеси во нив во секој момент, но ги гледам и нивните татковци – додала Наташа во таа прилика.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....