07:55 - 7 ноември, 2026

НАТАША БЕКВАЛАЦ и РАСТА се „во шема“: Нешто повеќе од колегијалност и пријателство?!

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста пред два дена стана слободен човек по 12-месечен домашен притвор

Освен поканата за настап, Раста вчера ја добил и првата покана за романтичен состанок, ни помалку ни повеќе од пејачката Наташа Беквалац. Тој синоќа му гостувал на Огњен Амиџиќ во емисијата „Амиџи шоу“ каде зборувал за деновите поминати во куќен притвор, а во емисијата се приклучила и Наташа Беквалац преку видео и му поставила две прашања на Раста:

– Имам две прашања за Стефан – првото прашање е кога ќе ме однесе да речеме на кафе или чаша вино, да се напиене како двајца слободни? На пример, во Врачар… И второ, кога ќе ја започне својата музичка турнеја, на која јас секако ќе бидам специјален гостин – праша Наташа, а Раста не можел да ја сокрие насмевката.

– Таа е најјака! Наскоро, се радувам на тоа! А турнејата ја планирам од октомври, стварно се радувам – ја носам Наташа! – одговорил раперот.

За потсетување, Наташа и Раста ја објавија во дует песната „Из далека“ во јули минатата година, кога почна да се шушка дека меѓу нив има повеќе од само колегијалност и пријателство. Дури се шпекулираше дека Наташа е во тензичен однос со поранешната сопруга на Раста, Ана Николиќ, поради приказните дека се „во шема“, кои таа постојано ги демантираше.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....