04:26 - 20 декември, 2025

Наскоро истекуваат 72 часа пресудни за преживување под урнатините: Експерт објаснува како се развива катастрофата во Турција по земјотресот

Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотрес се спасуваат во првите три дена по катастрофата, изјави Илан Келман, експерт за природни катастрофи на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL).

Овој пат може значително да варира во зависност од временските услови, зачестеноста на последователните потреси и брзината со која спасувачите пристигнуваат на теренот.

Токму овие фактори ги намалуваат шансите за пронаоѓање преживеани во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано наутро во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северна соседна Сирија.

Бројот на жртвите, кој утрово се приближи до 15.000 мртви, веројатно уште повеќе ќе се зголеми кога ќе поминат 72 часа по несреќата.

„Во суштина, луѓето гинат од уривање на зградите“, рече Келман, кој објави трудови за одговор на земјотресот.

Првата задача е да им се пружи медицинска помош на луѓето кои настрадале под урнатините пред да им подлегнат на повредите, особено поради крварење.

Исклучително важна улога играат и временските услови. А тие се „навистина против нас“ во Турција и Сирија, каде што последниве два дена владее поларниот студ. „За жал, тоа значи дека луѓето можат да умрат од хипотермија“, нагласи тој.

Дури и оние кои ќе успеат да го преживеат студот и повредите „ќе почнат да умираат по три до пет дена“ без вода.

Копање со раце и лопати

„Огромното мнозинство од преживеаните беа извлечени од локални тимови во рок од 24 часа, често користејќи ги само рацете или лопата“.

Десетици земји најавија дека ќе испратат спасувачки тимови, но областа погодена од земјотресот е „зона на конфликт, оддалечена и непристапна“, објаснува Келман.

Меѓународната помош станува оперативна главно по 24 часа. „Во оваа фаза, добар број луѓе кои можеа да преживеат се веќе мртви“, додаде експертот.

Според него, спасувачите се уште не успеале да стигнат до некои области.

Кога ќе дојдат до земјата, постојат неколку начини да се најдат преживеани: користење кучиња трагачи, роботи и беспилотни летала. Мексико испраќа тим за кучиња трагачи кој е на пат за Турција.

Кога ќе најдат лица под урнатините, спасувачите треба брзо да одлучат кој пат е најпогоден за да ги извлечат. Понекогаш се потребни големи машини, како што се кранови, за отстранување на бетонски плочи.

Во некои случаи, потребни се ампутации на екстремитети кои се „згмечени под столб или парче ѕид“, рече професорот на UCL.

На крајот, посочува професорот, „успешната спасувачка операција започнува со децении пред земјотресот, со напор да се спречи колапс на инфраструктурата“.

Цената на меѓународната спасувачка операција достигнува до еден милион долари за спасен живот, рече тој. „Ако тие пари беа инвестирани во превенција од катастрофи, ова немаше да се случи“.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....