8.8 C
Скопје
12:21 - 1 април, 2026

Наоми Кемпбел искрено за дрогата и алкохолот: „Користев кокаин за да заборавам на мојата тага“

Супермоделот Наоми Кембел призна дека злоупотребувала алкохол и дрога на врвот на нејзината кариера. Фрагменти од интервјуто на манекенката објави Пејџ сикс.

Во документарецот „Супермодели“ што се емитува на „Епл ТВ+“, Наоми Кембел призна дека се свртела кон кокаинот за да се справи со траумата од детството и загубата на нејзиниот близок пријател, дизајнерот Џани Версаче.

„Имам многу проблеми поврзани со моето детство. Почнав да користам кокаин за да заборавам на мојата тага. Си помислив: „О, ова ќе ја залечи раната“. Но, тоа не е вистина. Зависноста може да предизвика уште поголем страв и вознемиреност“, вели манекенката.

Според манекенката, таа пет години се борела со својата зависност, па дури и се онесвестила за време на фотосесија во 1999 година. По овој инцидент таа одлучила дека треба да оди во центар за рехабилитација.

„Решив да одам рехабилитација. Ова беше најдоброто и единственото решение во тоа време. Ми требаа многу години да го преболам ова. И сè уште се појавува понекогаш ова искушение како проблем. Но, сега имам методи за да се справам со него“, сподели искрено манекенката.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....