24.8 C
Скопје
16:41 - 29 март, 2024

Најопасната жена на Америка: Ја викале Тифусарката Мери, а заразила десетици луѓе пред карантинот

Мери била суперпренесувач на болеста уште пред терминот официјално да почне да се употребува. Таа во свое време била толку озлогласена, така што ѝ „закачиле“ и посебен прекар – Тифусарката Мери.

Мери немала никакви симптоми, но сепак заболела од тифус и така започнала епидемија во Њујорк во текот на 20 век. Била готвачка која работела за имотни семејства, па инфекцијата се проширила секаде каде што се движела, домаќинствата заболувале едно по друго.

flickr.com

Медицинските истражувачи во 1907 година ја идентификувале по што Мери била присилно сместена во карантин до крајот на нејзиниот живот на еден њујоршки остров. Умрела во 1938 година на 69-годишна возраст, а останала запаметена како најопасната жена во Америка, нулти пациентка која морала да биде изолирана.

Судбината на Мери Мелон е предупредувачки пример, но научниците почнаа да го преиспитуваат дури по порастот на заболени од ХИВ, САРС и други епидемии.

Претходно Мери ја претставуваа како ирска емигрантка, како жртва на јавна хистерија, жена која не починила никакво злосторство, а на крајот останала затворена и дехуманизирана, како метафора за зараза, пишува „Гардијан“.

– Многу е тешко за повеќето здрави Американци, слободата да им биде загрозена при предупредувањето да се заштити јавното здравје – напишала историчарката Џудит Левит во книгата за Тифусарката Мери.

flickr.com

Која била Мери Мелон?

Мелон е родена во 1869 година во Кукстаун, округот Тајрон. Како тинејџерка емигрирала во САД, а од 1900 година работела како готвачка за имотните њујоршки семејства.
Тогаш се појавил образецот. Нејзините работодавци и останатите вработени во домаќинството добиле грозница, заболеле од тифус, некои дури и фатално. Мелонова, зафатена во кујната, останувала здрава. Без оглед на својата инфекција, се преселила во друго семејство. Во 1906 година таа готвела за семејството на Чарлс Хенри Ворен, банкар, во неговата изнајмена куќа на Лонг Ајленд. Кога заболеле шест од 11 луѓе, сопствениците го ангажирале Џорџ Сопер да направи истрага. Преку систем на елиминација дошол до тоа дека Мери е извор на заразата, што бил прв американски случај на асимптоматичен преносител на болеста. Седум од осум семејства во кои работела биле заразени. Мери ја негирала одговорноста и одбила да му даде примерок од урина на Сопер. Сепак, откако Сопер ги објавил резултатите во списанието на Американското лекарско здружение, властите ја задржале.

Не се предала лесно. Дури пет полицајци учествувале во нејзиното апсење, а еден официјален припадник на безбедносните служби морал да седне со неа во возилото на Итната медицинска помош, а тој ја споредил со „лут лав во кафез“.

flickr.com

Мери тврдела дека е здрава и дека се чувствува неправедно изолирана на клиниката на островот. После три години, во 1910 година е пуштена, но под услов веќе да не готви.

Работела во перални за алишта, но платата ѝ била мала, па го променила името во Мери Браун и продолжила да работи како готвачка, дури и во болница за жени, што резултирало со избувнување на епидемија на тифус во 1915 година.

Вратена е во карантин до крајот на животот и се поврзува со десетина инфекции и три смртни случаи. Некои тврдат дека заразила илјадници луѓе.

Сепак, некои истражувачи како Левит, веруваат дека како сиромашната ирска емигрантка и жена, претрпела предрасуди кои не важеле за другите асимптоматски носители на туфус, вклучувајќи и некои кои заразиле повеќе луѓе од Мери, но биле но карантин само неколку недели.

Profimedia

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....