9.8 C
Скопје
22:10 - 17 март, 2026

На 13 февруари: Концерт на Пијан Славеј во Битола

Битолскиот театар овој понеделник ќе биде место на новата македонска шансона со концертот на Пијан Славеј.

Пијан Славеј е паралелен проект на Бранислав Николов фронтменот од бендот “Фолтин”, кој заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа е директен обид да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Јасната визија на Пијан Славеј за тоа каква музичка експресија треба да добие секој збор, секогаш совршено се слева со местото во кое сцената тој ја претвора во медиум каде што не се раѓа само добриот звук, туку ја дава  Бранко безрезервно својата енергичност, својата бунтовност, својата музичка километража…но и вечниот младешки занес кој не го напушта. Бранко преку стиховите ја раскажува мислата лежерно, притоа заведувајќи не, барем на миг да помислиме дека сѐ е едноставно.

Неговите настапи се музички перформанси, а Бранко под неговиот уметнички алијас Пијан славеј, презентира конкретна музика со поетски сензибилитет на една нова македонска шансона.

Концертот ќе се одржи на 13-ти февруари со почеток во 20 часот во Народниот театар Битола.

Слични објави

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо
Се вчитува....