6.8 C
Скопје
07:31 - 21 февруари, 2026

Кирк Даглас, актерот од златното доба на Холивуд, почина на 103-годишна возраст

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година. Играл во 95 играни филмови, а продуцирал повеќе од 30. Тој е добитник на почесен „Оскар“ за животно дело. Има добиено Претседателскиот медал за слобода, како и наградата за животно дело од Американскиот филмски институт.

Неговиот син Мајкл Даглас во објава на Инстаграм соопшти за неговата смрт.

Холивудската икона Кирк Даглас тврдеше дека доживеел сто години благодарение на неговата сопруга Ен Бајденс Даглас (100), со која успеал да се опорави од сите неволји што му ги донел животот.

Преживеал мозочен удар што му го променил говорот и го принудил да престане да глуми пред две децении. Тој се опорави без поголеми последици од хеликоптерската несреќа во 1991 година, а смртта на неговиот син Ерик во 2004 година му оставила огромна празнина.

Неговиот син, холивудскиот актер, Мајкл Даглас на Фејсбук напиша за загубата која ја доживеало неговото семејство, се збогва од него со емотивни зборови.

„Со огромна тага јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас нѐ напушти денес на 103-годишна возраст. За светот, тој беше легенда, актер од златното доба на филмовите, кој живееше добро во неговите златни години, хуманитарец кој постави стандарди кон кои сите ние се стремиме, благодарение на неговата посветеност.

Но за мене и моите браќа Џоел и Питер, тој беше едноставно татко, за Кетрин – прекрасен свекор, за неговите внуци и правнуци – нивниот сакан дедо, а за неговата сопруга Ана – прекрасен сопруг.

Кирк добро го живееше животот и остави филмско наследство кое ќе трае со генерации. Дозволете ми да завршам со зборовите кои му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе останат вистинити.

Тато – те сакам многу и горд сум што сум твој син.“, напиша неговиот син Мајкл Даглас во објавата на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....