5.8 C
Скопје
04:50 - 1 април, 2026

Му го скршила срцето, а не стигнал да ја испрати на вечното почивалиште: Тома ѝ испратил букет бели рози и ја напишал најтажната песна! (ВИДЕО)

Пееше за Данка, Лилјана, Сања, Бранка, Нада, Јелена, Анџела, Ана, Александра, Дијана, Фатиме, Мирјана, Марта, но малку е познато за една Славица во која бил смртно заљубен и на која ѝ ја посветил најтажната песна.

Најтажната песна на Тома Здравковиќ е само еднаш испеана за една Славица со руса коса и сини очи. Во прашање е песната „Букет бели рози“, која можеби не спаѓа во неговите најголеми хитови, но дефинитивно најтажна и морбидна вистина за неговата љубов која починала со неполни 20 години.

Тома Здравковиќ во Тузла, додека сè уште бил непознат, ја запознал студентката Славица. Толку многу ја сакал, што мечтаел да ја однесе пред олтар, но еден нејзин дневник открил детали за нејзиниот интимен живот со познати и непознати мажи, а тоа го шокирало.

Тома и Славица се карале, раскинувале, иако постоела љубов меѓу нив.

– На мојата прва проба присуствуваа фудбалерите Драган Шекуларац и Зоран Миладиновиќ. Ми се потсмеваа. На забележав дека Славица седи до Зоран. Сфатив дека нешто не е во ред дури кога им пријдов. Пред целото друштво кажа дека мора да оди кај некоја другарка. Морав да се согласам со тоа. Се вратив во пустата соба на хотел „Балкан“, а таа се појави дури после полноќ – раскажал подоцна Здравковиќ.

Кога во 1963 година пеел на црногорското приморје, добил телеграма во која докторот кој ја лекувал Славица му соопштил дека таа е болна од неизлечлива болест и дека сака да го види. Кога дошол да ја посети во Сараево, не можел да ја препознае. Таа имала 30 килограми помалку.

Тома поради настапите не можел да остане со Славица, а неколку дена подоцна му пристигнала телеграма во која бил известен дека таа починала.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....