5.8 C
Скопје
12:04 - 22 декември, 2024

Мојот Адам можеби никогаш нема да прозбори и да рече „мамо, те сакам“: Искрено со АНИСА ЕЈУП БЕЌИРОВИЌ-ТРПЧЕВСКА, авторка на книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“

Аниса Ејуп Беќировиќ-Трчевска е мајка на Адам кој има нискофункционален аутизам, како и на Роман кој е дете со типичен развој. „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ е насловот на новата книга што таа ја напиша и објави, а која го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. Љубовта кон своето дете ја однело во Германија, но Аниса постојано говори за тоа што е потребно да се направи кај нас за да им се олесни животот на семејствата кои имаат дечиња со атипичен развој.

Зборот аутистичен е една од поубавите придавки која овие лица ја добиваат. Но да сме искрени, малумниот и ретардираниот се најчестите придавки со кои се нарекуваат децата со аутизам. Фото, приватна архива

– Насловот на мојата книга е симболичен и упатува на содржината во неа. Се состои од 21 расказ, секој расказ е за еден ден од животот на Адам. Со пристигнување на Адам во мојот живот, моја мисија стана подигнувањето на јавната свест за целокупната состојба на овие лица, особено затоа што аутизмот како состојба е најтешка. Во мојата прва книга „Јас и аутизмот“ споделувам едно истражување кое вели дека родтелите на дете со нискофункционален аутизам доживуваат поголем стрес од војниците учесници во некоја војна. Кога војниците ќе се вратат од военото поле, имаат психолошка подршка, а родителите на дете со аутизам немаат никаква подршка. До крајот на својот живот овие родители живеат без привилегијата нивното дете да живее безгрижно, верувам дека и јас со последната воздишка ќе размислувам што со моето дете после мене. – вели Аниса.

Проблемите со кои секојдневно се соочуваат децата со аутизам и нивните семејства во Македонија се зголемува. Покрај институционалните проблеми тука се и општествените предрасуди.

– Мојата книга се вика „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ , нема потреба од користење на некои погрдни зборови, сите имаме име. Зборот аутистичен е една од поубавите придавки која овие лица ја добиваат. Но да сме искрени, малумниот и ретардираниот се најчестите придавки со кои се нарекуваат децата со аутизам. Свеста е ниска кај нас, може затоа што не сме доволно едуцирани. Аутизмот е релативно нова појава, нов термин и поим и во стручната литература.- објаснува Аниса.

Мајката на Адам е жена борец, за себе и за своите деца. Но за останатите порачува да не се плашат од контактот со аутистично дете, тоа не е заразно.

– Се уште има луѓе за кои поимот аутизам претставува нешто мистично, ја има таа обвитканост со страв, со нешто ужасно, па дури и нешто што е заразно и треба да се плашат ио стојат настрана од тоа. Нема потреба, навистина, овие лица се посебни, иако во јавност ќе ги видите нивните испади, неконтролирано дерење, удирање, прпелкање по земја, не помислувајте дека тие се невоспитани, па и родителите со нив, не судете пред време.

Овие лица се посебни, иако во јавност ќе ги видите нивните испади, неконтролирано врескање, удирање, прпелкање по земја, не помислувајте дека тие се невоспитани, па и родителите со нив, не судете пред време. Фото – приватна архива

Предрасуди, осуди, неприфаќање, соочување, се само дел од емоциите кои владеат во 21 расказ кои се исповед на Аниса.

– Модерно издание на Зоки Поки, со кратки раскази од нашето секојдневие, препорачана за сите од 7 до 77 годишна возраст. Во еден расказ се споменува и најдобриот другар на Адам, Мартин Терзиевски, кој уште од прво одделение беше со мојот син. Адам сакаше да јаде многу, па имаше случаи кога им ја земаше храната на децата, но тука беше Мартин за да го врати во училница. Има и еден расказ со наслов ,, Мојот ангел чувар има име, се вика Белма Хасич “, уште една личност од другарството на Адам, што е уште еден доказ дека децата се многу искрени и секогаш без предрасуди ги прифаќаат различностите.- раскажува Аниса.

Ограничените можности за инклузија на Адам во македонското општество ја натерале оваа мајка да ги спакува куферите и да побара подобри можности за својот син во Германија.

–  Адам заслужува достоинствен живот и среќна иднина. Кога ќе се роди детето со попреченост, вие ја планирате иднината, мора точно да  му го трасирате патот. Во Македонија и на Балканот воопшто, немаме системско решение за овој тип на семејства, а во Германија има можност детето да биде цел ден во училиште. Секој ден има третмани. Адам нема да знае математика или географија, но сепак се работи на развој на неговите животни вештини. Родителите не треба да земаат кредити за третманите на детето, во Германија тоа е должност на државата. Мојот Адам можеби никогаш нема да прозбори и да рече „мамо, те сакам“, но бараме алтернативни начини за да имаме некоја комуникација.

фото – приватна архива

 

фото-приватна архива

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....