11.8 C
Скопје
23:07 - 3 мај, 2024

Нова услуга: Мобилизација на меки ткива со помош на инструменти

Нова услуга во амбулантата за физиотерапија при Клиника „Жан Мкитерв“ – ERGON IASTM.

Станува збор за мануелна техника при која се употребуваат специјални алатки со кои се спроведува третманот. Се користи за откривање и лекување на нарушувања на меките ткива. Времетраење на еден третман е 30-45 минути, во зависност од регијата на примена.

Мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) е квалификувана миофасцијална интервенција која се користи за третман на меките ткива. Се заснова на принципите на масажата со вкрстено триење според Џејмс Сириакс. Истата се спроведува со помош на инструменти кои обично се направени од нерѓосувачки челик и имаат заоблени рабови и контури за да одговараат на различните анатомски локации на телото. Ваквите алатки користени од квалификуван и вешт физиотерапевт овозможуваат преку различните техники за директен компресивен удар, подлабоко продирање при манипулациите врз кожата, миофасцијата, мускулите и тетивите. Се смета дека самата техника еволуирала од Гуа ша – метода што се користи во кинеската медицина. Иако и Гуа ша користи инструменти со измазнети рабови, сепак нејзината примена, цел и методи на примена се различни од IASTM.

Како функционира?

Инструментите можат ефикасно да ги разбиваат фасцијалните ограничувања и ткивото околу лузните. Ергономскиот дизајн на овие инструменти му обезбедува на практичарот можност да ги лоцира ограничувањата и воедно да ја третира погодената област со соодветна количина на притисок. Воведувањето на контролирана микротраума во погодената структура на меките ткива предизвикува стимулација на локалниот воспалителен одговор. Микротраумата потоа иницира реапсорпција на несоодветна фиброза или прекумерното ткиво со лузни и ја олеснува каскадата на лековити активности што резултира со ремоделирање на засегнатите структури на меките ткива. Адхезиите во мекото ткиво кои можеби се развиле како резултат на хируршка интервенција, имобилизација, прекумерно напрегање или други механизми, се разградуваа. Тоа овозможува целосна функционална реставрација.

Физиологија и придобивки

Повеќето истражувања се насочени на придобивките од IASTM на клеточно ниво. Воспалителниот одговор инициран преку микротраума на погодените ткива резултира со зголемена пролиферација на фибробластите, синтеза на колаген, созревање и ремоделирање на неорганизирана матрица на колагенски влакна по примената на IASTM. Што резултира со распаѓање на ткивата на лузни, адхезии и ограничувања на телото.

Фибробластот се смета за најважна клетка во екстрацелуларниот матрикс (ECM). Регенерацијата и одржувањето на меките ткива се одвиваат во ECM. Фибробластот го синтетизира ECM, кој вклучува колаген, еластин и протеогликани, меѓу многу други суштински супстанции. Фибробластите имаат способност да реагираат како механотрансдуктори, што значи дека се способни да детектираат биофизички напрегања (деформации) како што се компресија, вртежен момент, смолкнување и проток на течност, и да создадат механички хемиски одговор.

Клинички придобивки

Направените студии потврдуваат клинички придобивки од IASTM и тоа: подобрувања во опсегот на движење, силата и перцепцијата на болка по третманот. Мелхам и неговите соработниците откриле дека IASTM значително го подобрил опсегот на движење кај фудбалер по седум недели IASTM и физикална терапија. Исто така увиделе дека ткивото на лузната што го опкружува латералниот малеолус се намалило и структурно се ремоделирало по примената на IASTM. Вилсон и соработниците пак, утврдиле подобрувања во доменот на болката т.е нејзино намалување и скалата на оштетување на 6 и 12 недели по апликацијата IASTM за пателарен тендинитис.

Оваа техника е достапна во амбулантата за физиотерапија при Клиника „Жан Митрев“ и ја изведуваат искусни и соодветно обучени физиотерапевти. За повеќе инфорамции и закажување јавете се на 02/3091-484

Комерцијален текст.  

 

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....