3.8 C
Скопје
01:51 - 10 март, 2026

Многумина не знаат за „тајниот“ бизнис на Лепа Брена: За 6 години изгубила 2.700.000 динари?! Бизнисот сега процвета!

Фолк ѕвездата Лепа Брена веќе 31 година, од 1993 година, е сопственичка на мал киоск на Булеварот на ослободувањето во центарот на Нови Сад, на кој се продаваат плескавици и друга брза храна.

Брена никогаш не зборувала за ова во јавноста, а ниту граѓаните на Нови Сад не биле информирани дека киоскот со храна е во нејзина сопственост.

– Иако сите знаат дека Брена ја продаде „Гранд продукција“, ретко кој знае дека таа има друг бизнис, на кој сега очигледно е повеќе посветена. Таа во центарот на Нови Сад поседува место каде се продаваат плескавици и друга брза храна, па сега тоа ѝ дојде како добредојде да продолжи да биде газдарица – рекол извор близок на пејачката неодамна за српски „Телеграф“ .

Се зборува дека нејзиниот бизнис сега блеска и дека многу тиктокери го посетуваат локалот и се фотографираат пред него.

Да потсетиме, како што пишуваше српски „Курир“ во 2019 година, на Брена наведениот бизнис баш и не ѝ успеал, бидејќи според податоците од Агенции за деловни регистри (АПР), во 2013 година овој киоск, кој е регистриран како микропретпријатие со 6 вработени, забележал загуба од 870.000 динари.

Во следните години работите не се подобриле, па Брена 2015 година ја завршила со загуба од 438.000 динари, додека 2017 година ја завршила со неверојатни 1.421.000 динари во минус.

Единствено остварила заработувачка во 2018  – 42.000 динари – според достапните информации од Агенцијата за деловни регистри, додека во 2016 година заработила 21.000 динари.

 

 

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....