9.8 C
Скопје
13:03 - 1 април, 2026

Мишо Ковач излезе од болница, еве како се чувствува легендарниот пејач

мишо ковач

Легендарниот пејач Мишо Ковач (82) пред една недела заврши во сплитската болница, а денеска е пуштен дома, јавува „Јутарњи лист“.

– Денеска, благодарение на лекарите, на целиот медицински персонал и на сите вработени во болницата кои во невозможни услови даваат сè од себе за доброто на секој пациент, Мишо го продолжува опоравувањето дома – рекла сопругата на Мишо, Лидија Ковач.

Да потсетиме, пејачот заврши во КБЦ Сплит поради зголемена телесна температура. Мишо, како што напиша „Јутарњи“, инаку има хронична опструктивна белодробна болест.

Ивана Ковач (46), ќерката на Мишо, рекла за „Јутарњи“ дека тој е превентивно во болница.

– Вистина е, Мишо е во болница. Не е ништо страшно, синоќа доби температура. Видете, кај него не е  во прашање температура како кај нормален човек, па мораме да го однесеме во болница. Тоа е повеќе превентивно. Лекарите малку ќе го задржат, па ќе го пуштат дома – објаснила тогаш Ивана.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....