10.8 C
Скопје
17:30 - 30 март, 2026

Милиќ Вукашиновиќ утре излегува од болница! Рокерот не падна со духот по ампутацијата на ногата: „Веќе почнав да вежбам“

Милиќ Вукашиновиќ утре на 6 декември ќе ја напушти болницата откако пред два дена му беше ампутирана ногата.
Рокерот сѐ уште се опоравува од тешката операција, а лекарите се презадоволни од неговата моментална состојба.

– Закрепнувањето оди добро, само ме преврзаа. Немам болки, бидејќи има апарат што го користам и навистина ми помага. Задоволен сум од закрепнувањето, како и од посветеноста на докторите. Тие се презадоволни од тоа како зараснува раната, па решија утре да ме пуштат дома – изјави рокерот за српски „Информер“.

Признава дека тоа многу го израдувало, бидејќи дома ќе му биде многу поубаво и полесно.

– Домот е секогаш најубав, таму е и Сузана, ќе ми биде многу подобро отколку во болница. Веќе почнав да вежбам кај физиотерапевт, ќе продолжам кога ќе излезам. Ниту оваа друга нога не е во најдобра состојба и сега целата тежина на телото ќе биде на неа, па потребно е дополнително да се зајакне – вели Вукашиновиќ.

Тешката операција и нарушеното здравје, не го поколебаа рокерот кој веќе планира како кога ќе му зарасне раната ќе оди да извади протеза, а потоа на рехабилитација.

Да потсетиме, пред два дена на Вукашиновиќ му беше ампутирана десната нога до коленото.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....