7.8 C
Скопје
22:39 - 31 март, 2026

Миленикот на Америка половина од своето богатство го дава за вили од 18 век: Целиот проект вреди 35 милиони евра!

Поранешната ѕвезда на бендот „One Direction“, Хари Стајлс (26), ќе спои две помали куќи во една прекрасна вила каде ќе живее.

Пејачот Хари Стајлс купи две куќи од 18 век кои се наоѓаат во истиот двор, во северниот дел од Лондон, а сака да ги реновира и спои во огромна куќа.

Тој ангажираше и дизајнер на ентериери, коj претходно соработуваше со Меган Маркл.

Хари прво купи поголема куќа која го чинеше околу 10 милиони евра, а подоцна дополнително купи уште една помала, во вредност од 4,5 милиони евра.

Фото: Инстаграм

Овие недвижности имаат 10 соби, играчница, кино сала и фантастични галерии.

Вилата ќе биде совршено бегство од неговиот хаотичен деловен живот, бидејќи тој крај е навистина многу мирен.

Богатството на Хари се проценува на 68 милиони евра, а за овој проект пејачот ќе вложи речиси половина од своето богатство.

Фото: Профимедиа

– Хари е перфекционист и сака сè да биде совршено и по негова желба, па поради тоа овој проект ќе биде малку поскап, но Хари знае како да раководи со парите – открива негов пријател за медиумите.

Ова не е прва недвижност во сопственост на пејачот.

Кога имаше само 18 години, Хари ја купи првата куќа во вредност од 3,6 милиони евра во северен Лондон, која подоцна стана позната како „барот на Хари“, бидејќи овде тој често организираше забави со своите пријатели.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....