13:17 - 9 јануари, 2026

Меган Маркл за потресната ситуација во Африка: Ми рекоа дека има пожар во собата на бебето

Меган Маркл во првата епизода од нејзиниот подкаст Archetypes зборуваше за застрашувачкиот момент кога избувнал пожар во просторијата каде што престојувал Арчи за време на нејзината посета на Африка во 2019 година, само неколку месеци по раѓањето на малиот Арчи.

-Кога отидовме на турнеја во Јужноафриканска република, бевме со Арчи. Имаше околу четири и пол месеци. Веднаш штом слетавме, моравме да го оставиме во станбената единица каде што не сместија – ѝ раскажа таа на својата пријателка тенисерката Серена Вилијамс.

– Сакавме да го подготвиме за спиење, но веднаш заминавме на службен ангажман во градот Нијанг, каде што одржав говор пред жени и девојки. Тоа заврши и влеговме во автомобилот ни рекоа: „Има пожар во резиденцијата“. Ги прашав што се случи, а тие ми одговорија дека има пожар во собата на бебето – раскажува Меган.

Кога стигнале до сместувањето, нивната дадилка Лорен била во солзи.

-Требашла да го остави Арчи да спие и само речкла: „Одам долу да каснам нешто.“ Додека се симнувала долу, греалката во детската соба се запалила. Немаше детектори за чад. Некој случајно почувствувал мирис на чад во ходникот и влегол внатре, пожарот е изгаснат – и рекла дадилката на Меган.

По пожарот тие биле сместени во друга резиденција. Иако била исклучително потресена од настанот, Меган морала да продолжи да ги извршува своите кралски должности со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Меган не била задоволна од одлуката дека мора да продолжи со обврските и покрај ситуацијата што им се случила.

– Ова нема смисла. Можете ли да им кажете на луѓето што се случи? Фокусот на крајот беше на тоа како изгледа сето тоа, а не како се чувствуваме после се. Дел од хуманизирањето и пробивањето на овие етикети, архетипови и кутии во кои сме ставени е разбирањето на моментите од зад сцената за кои луѓето можеби не се свесни, и мора да има разбирање. Бидејќи сме тоа што сме, моравме да го оставиме нашето дете“, рече Меган.

Слични објави

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin

(Видео) Дарко Лазиќ повторно шокираше: Пејачот врза санки за автомобилот, па ги влечеше децата

Еспресо
Се вчитува....