7.8 C
Скопје
19:48 - 31 март, 2026

МЕГАН МАРКЛ ВО БОРБА ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ: Решена е да ја придобие јавноста, лансира нов подкаст на Спотифај,

меган маркл

Војвотката од Сасекс е подготвена да се врати на стриминг платформата Спотифај со нов проект, по дебито во 2020 година. Меѓу целите е и намалувањето на дезинформациите и лажните вести.

Во 2020 година, парот, сега далеку од британското кралско семејство, потпишал мултимилионски договор со музичката платформа (околу 25 милиони долари), со цел „да изгради заедница преку споделени искуства, наративи и вредности“. Во јануари пак, 2021 година, Меган Маркл и принцот Хари се придружија на големата група познати личности кои ги осудија дезинформациите и зголемувањето на лажните вести за пандемијата „Ковид-19“ во подкастите.

А сега војвотката е подготвена да се врати во етерот, да се слушне нејзиниот глас и да ги охрабри „тековните разговори со директорите на Spotify за спроведување на политики, практики и стратегии за подигање на свеста на креаторите, како и за минимизирање на ширењето дезинформации и за поддршка на транспарентноста“, – како што објасни портпаролот на Арчвел Аудио.

И обожавателите се љубопитни да слушнат што ќе има да каже војвотката од Сасекс во нејзината нова серија на подкасти, по првото искуство во кое не се покажа многу успешна, бар не онолку колку што јавноста се надеваше. Откако беше потпишан договорот меѓу (поранешната) кралска двојка и Spotify, всушност, објавена е само една епизода од серијата закажана за 2020/2021 година, а многумина зборуваа за пропаст. Но, Маркл е решена да ја придобие јавноста.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....