15:54 - 3 април, 2026

Меган Маркл стана глагол! Дали и вие меганмаркелизирате некого?

меган маркл

Меган Маркл, на шала, стана глагол. Британците на „големо“ се мајтапат со оваа шега која брзо стана хит на социјалните мрежи.

Изборот на војвотката од Сасекс да ѝ сврти грб на кралската палата стана глагол на британскиот јазик. Иницијативата на шега ја стартувал Рајан Картер, актер, пејач, танчер и лондонски уметнички консултант, и таа веднаш станала хит на социјалните мрежи.

Додека многумина ја критикуваа одлуката на Меган Маркл да се откаже од титулата и привилегиите, за други пак, оваа смела одлука ја направи поранешната американска актерка – современа хероина.

Значењето на новиот глагол е „да се вреднуваме себеси и менталното здравје до тој степен што ќе го оставиме местото, ситуацијата или околината во која автентичноста не се вреднува или не се смета за добредојдена“.

Затоа, исто така, има и значење – „да се избегне околината која не ве почитува за да го зачувате вашето ментално здравје“, или, со негативна конотација – „исчезнете кога веќе немате корист од дадената ситуација“.

Предлогот Меган Маркл да стане глагол се прошири и во британските значајни медиуми. „Гардијан“ објави дури и упатство за правилно користење на новиот глагол.

На пример, „To Meghan Markle it” (меганмаркелизирање) може да се користи кога сакате да избегате од дадена ситуацијата која доколку потрае би можела да доведе до негативни последици.

Ако се дружите со некого и тој некој со кој се дружите ве игнорира со денови и одеднаш ви се јавува на полноќ, мора да се „меганмаркелизира“ (да се избегне). Или на пример „Минатата ноќ го меганмаркелизирав моето поранешно момче, не реагирајќи на неговите смс пораки“. Фраза што значи оставање зад себе токсични партнери кои го загадуваат нечиј живот.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....