5.8 C
Скопје
06:40 - 1 април, 2026

Меган Маркл собори рекорд на стриминг на Нетфликс: Зошто толку многу луѓе го гледаат „Suits“?

Поминаа четири години од емитувањето на последната епизода на „Suits“, но сепак серијата одново зема замав во гледаност благодарение на своето место на платформата за стриминг Нетфликс.

Додека проблемите се зголемуваат во личниот живот на Меган Маркл, нејзината професионална кариера добро се развива и понатаму привлекувајќи големо внимание.

Серијата „Suits“ се емитуваше на американска телевизија помеѓу 2011 и 2019 година, но сега, откако дебитираше на Нетфликс во јуни, го собори рекордот на стриминг на платформата.

Помеѓу 26 јуни и 2 јули, која беше првата недела од прикажувањето на оваа платформа, „Suits“ достигна 3,14 милијарди минути стриминг во седумдневниот период.

Претходниот рекорд го држеше „Манифест“ кој имаше 2,49 милијарди минути време на гледање според извештајот објавен од Холивуд Репортер.

Иако Меган Маркл имаше огромен успех како актерка во серијата, во улога на Рејчел Зејн, таа замина по завршувањето на седмата сезона за да се омажи за принцот Хари.

Таа беше еден од најпопуларните ликови во серијата, а сега пак, серијата уште повеќе е гледана токму поради нејзината „кралска“ популарност.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....